Лапис лазули — е темно плава метаморфна карпа користена како полу-скапоцен камен која е ценета од античко време поради неговата интензивна боја. Името потекнува од персискиот збор за каменот, lāžward, кој е искористен во повеќе јазици како корен на зборот „сина“, вклучувајќи шпански и португалски - azul и англиски - azure. Лапис лазули е камен кој се состои во главно од минералите лазурит, пирит, диопсид, и калцит. Уште во 7-миот милениум п.н.е., лапис лазули се ископувал во рудниците Сар-и Санг,David Bomford and Ashok Roy, A Closer Look- Colour (2009), National Gallery Company, London, () во Шортугаи, и други рудници во провинцијата Бадакшан во северозападен Авганистан. Артифакти од лапис лазули, датирани уште од 7570 п.н.е., биле пронајдени во Бирана, кој претставува најстарото наоѓалиште од цивилизацијата на Индската долина. Лаписот бил ценет од цивилизацијата на Индската долина (3300–1900 п.н.е.). Монистра од лапис биле пронајдени на неолитски гробови во Мергарх, Кавказ и Мавританија. Се користел и во погребната маска на Тутанкамон (1341–1323 п.н.е.).Alessandro Bongioanni & Maria Croce
До крајот на средниот век, Европа почнала да увезува лапис лазули за негово мелење и создавање на пигмент ултрамарин. Ултрамаринот го користеле некои од најважните уметници на ренесансата и барокот, вклучувајќи ги Мазачо, Перуџино, Тицијан и Вермер; кој што бил искористен за облеката на централните фигури на нивните слики, особено на Богородица. Ултрамаринот е пронајден и во забен камен на средновековни калуѓерки и писари, можеби како резултат на лижење на нивните четки за сликање додека создавале средновековни текстови и ракописи.
Историја Ископувањата од Тепе Гавра покажуваат дека лапис лазули бил воведен во Месопотамија приближно кон крајот на Убаидскиот период, околу 4900–4000 година п.н.е. Традиционалното разбирање било дека лапис лазули бил ископан околу 1.500 милји источно – во Бадакшан. Всушност, персискиот , исто така напишано , најчесто се толкува дека има потекло од локално име на место.
Од персискиот, арапскиот е етимолошки извор и на англискиот збор azure (преку старофранцускиот azur) и на средновековниот латински збор , што значи „рај“ или „небо“. За да се појасни, („камен од „) се користел за самиот камен и е терминот што конечно е увезен во средноанглискиот јазик. се користи како корен за зборот за сина боја на неколку јазици, вклучувајќи го шпанскиот и португалскиот .
Рудниците во североисточен Авганистан продолжуваат да бидат главен извор на лапис лазули. Значајни количини се произведуваат и од рудниците западно од Бајкалското Езеро во Русија и во Андите во Чиле, што е изворот што Инките го користеле за резбање артефакти и накит. Помали количини се ископуваат во Пакистан, Италија, Монголија, САД и Канада.
Наука и употреба
Состав Најважната минерална компонента на лапис лазули е лазуритот (обично од 30% до 40%), син фелдспатоиден силикатен минерал од семејството содалити, со формулаNa7Ca(Al6Si6O24)(SO4)(S3) ·H2O. Повеќето лапис лазули содржат бел калцит и пирит (метално жолт). Некои примероци од лапис лазули содржат аугит, диопсид, енстатит, лискун, гајуин, хорнбленд, нозеан и лелингит кој е богат со сулфур.
Лапис лазулиот обично се јавува во кристален мермер како резултат на контактен метаморфизам.
Боја мини|Лапис лазули гледан низ микроскоп (зголемување x240) Интензивната сина боја се должи на присуството на трисулфурниот радикален анјон () во кристалот. Присуството на дисулфур () и тетрасулфур () радикалите можат да ја поместат бојата кон жолта или црвена, соодветно. Овие радикални анјони ги заменуваат хлоридните анјони во рамките на содалитната структура. радикалниот анјон покажува видлив опсег на апсорпција во опсегот 595–620 nm со висока моларна апсорпција, што доведува до неговата светло сина боја.
Наоѓалишта Лапис лазули се наоѓа во варовник во долината на реката Кокча во покраината Бадакшан во североисточен Авганистан, каде што рудниците Сар-и Санг се обработуваат повеќе од 6.000 години. Авганистан бил извор на лапис за древните персиски, египетски и месопотамски цивилизации, како и за подоцнежните Грци и Римјани. Древните Египќани го добивале материјалот преку трговија со Месопотамците и од древна Етиопија. За време на врвот на цивилизацијата во долината на Инд, приближно 2000 година п.н.е., колонијата Харапан, сега позната како Шортугаи, била основана во близина на рудниците за лапис.
Покрај авганистанските наоѓалишта, лаписот се вади и во Андите (во близина на Овале, Чиле); и западно од Бајкалското Езеро во Сибир, Русија, на наоѓалиштето на лазурит Тултуи. Се ископува и во помали количини во Ангола, Аргентина, Бурма, Етиопија, Пакистан, Канада, Италија, Индија и во Соединетите Американски Држави во Калифорнија и Колорадо.
Употреба и алтернативи Лаписот може да се полира и често се користи за изработка на накит, резби, кутии, мозаици, украси, мали статуи и вазни. Внатрешни предмети и завршна обработка на згради исто така може да се изработат со лапис. За време на ренесансата, лаписот се мелел и преработувал за да се добие пигментот ултрамарин за употреба во фрески и маслено сликарство. Неговата употреба како пигмент во маслени бои во голема мера завршила во почетокот на 19 век, кога станала достапна хемиски идентична синтетичка варијанта.
Лапис лазули се синтетизира комерцијално со Гилсоновиот процес, кој се користи за производство на вештачки ултрамарин и хидратни цинкови фосфати.Read, Peter (2005). Gemmology , Elsevier, p. 185. . Шпинелот или содалитот, а исто така и обоениот јаспис или хаулит, можат да се заменат со лапис.Lapis lazuli , Gemstone Buzz.
Историја и уметност
Во античкиот свет Лапис лазули се ископувал во Авганистан и се извезувал во медитеранскиот свет и Јужна Азија уште од неолитското време, по древниот трговски пат помеѓу Авганистан и долината Инд, кој датира од 7 милениум п.н.е. Количини од овие монистри биле пронајдени и во населбите од 4 милениум п.н.е. во Северна Месопотамија и на локалитетот Шахр-е Сухтех од бронзеното време во југоисточен Иран (3 милениум п.н.е.). Кама со рачка од лапис, чинија инкрустирана со лапис, амајлии, монистра и инкрустирани скулптури репрезентирајќи веѓи и бради, се пронајдени во кралските гробници на сумерскиот град-држава Ур од 3 милениум п.н.е.
Лаписот се користел и во древна Персија, Месопотамија од страна на Акадците, Асирците и Вавилонците за печати и накит. Се споменува неколку пати во месопотамската поема, Епот за Гилгамеш (17-18 век п.н.е.), едно од најстарите познати литературни дела. Статуата на Ебих-Ил, статуа од 3 милениум п.н.е. пронајдена во античкиот град-држава Мари во денешна Сирија, сега во Лувр, користи инкрустирани лапис лазули за ирисите на очите.
Во антички Египет, лапис лазули бил омилен камен за амајлии и украси како што се скарабите. Накит од лапис е пронајден при ископувања на преддинастичкиот египетски локалитет Накада (3300–3100 п.н.е.). Во Карнак, релјефните резби на Тутмос III (1479–1429 п.н.е.) покажуваат фрагменти и парчиња лапис лазули во облик на буре како му се доставуваат како данок. Лапис во прав бил користен како сенка за очи од Клеопатра. Moment of Science site, Indiana Public Media
Накит изработен од лапис лазули е пронајден и во Микена, што сведочи за поврзаноста меѓу Микенците и развиените цивилизации на Египет и Истокот.Alcestis Papademetriou, Mycenae, John S. Latsis Public Benefit Foundation, 2015, p. 32.
Плиниј Постариот напишал дека лапис лазули е „непроѕирен и попрскан со златни точки“. Бидејќи каменот ја комбинира сината боја на небото и златниот сјај на сонцето, тој бил симбол на успех во старата еврејска традиција. Во раната христијанска традиција, лапис лазули се сметал за камен на Богородица.
Во доцниот класичен период и дури во средниот век, лапис лазули често се нарекувал сафир (sapphirus на латински, sappir на хебрејски), иако немал поврзаност со каменот денес познат како сафир кој потекнува од син корунд. Во својата книга за камењата, грчкиот научник Теофраст го опишал „сафирот, кој е испрскан со злато“, опис кој се совпаѓа со лапис лазули.Theophrastus, On Stones (De Lapidibus) – IV-23, translated by D.E. Eichholtz, Oxford University Press, 1965. мини|„Девојка со бисерна обетка“ од Вермер Во Стариот завет има многу упатувања на „сафир“, но повеќето научници се согласуваат дека, бидејќи сафирот не бил познат пред Римското Царство, најверојатно се мислело на лапис лазули. На пример, Егзодус 24:10: „И го видоа Бога Израилев, а под Неговите нозе имаше како поплочен камен од сафир...“ (KJV). Зборовите што се користат во Библијата на латинската Вулгата во овој цитат се „quasi opus lapidis sapphirini“, термините за лапис лазули.Pearlie Braswell-Tripp (2013), Real Diamonds and Precious Stones of the Bible Современите преводи на Библијата, како што е Второто издание на Новиот превод,"In His Image Devotional Bible" во повеќето случаи се однесуваат на лапис лазули наместо на сафир.
Вермер Јоханес Вермер користел лапис лазули боја во сликата „Девојката со бисерна обетка“.
Јејтс Поетот, Вилијам Батлер Јејтс, опишува фигурина од лапис лазули во песна насловена како „Лазули“. Скулптурата на тројца мажи од Кина, птица и музички инструмент служи во песната како потсетник за „веселост“ во лицето на трагедијата.
Денешен ден
Употреба од страна на Талибанците Во 2014 година, милиција под водство на Хаџи Абдул Малек, поранешен командант за време на Авганистанската граѓанска војна, ја превземала контролата врз округот Куран ва Мунџан, каде што се наоѓале големи рудници за лапис. Под контрола на Малек, вооружените групи добиле околу 20 милиони долари од рудниците во 2014 година, од кои околу 1 милион долари од таа добивка ги земале Талибанците. Самата поранешна авганистанска влада пријавила околу 20 милиони долари добиени од сите рудници за лапис во земјата во 2013 година. Се смета дека Талибанците зеле околу 4 милиони долари профит од рудниците во 2014 година. Условите за работа во рудниците се многу неетички.
Галерија
Наводи
Литература
Бахтијар, Лајли МекНеир, Синото богатство на Авганистан со лапис лазули, Издавачка куќа „Фронт Портч“, 2011 година, Барианд, Пјер, „Лапис лазули“, Минерален дигест, том 4, зима 1972 година. Херман, Џорџина, „Лапис лазули: Раните фази на неговата трговија“, Дисертација на Универзитетот Оксфорд, 1966 година. Коржински, Д.С., „Gisements bimetasomatiques de philogophite et de lazurite de l'Archen du pribajkale“, Traduction par Mr. Jean Sagarzky-BRGM, 1944 година. Lapparent AF, Bariand, P. et Blaise, J., „Une visite au gisement de lapis lazuli de Sar-e-Sang du Hindu Kouch, Авганистан“, CR Somm.SGPp 30, 1964. Вајс, Ричард В., Тајните на трговијата со скапоцени камења: Водич за познавачи на скапоцени камења, 2016 Wyart J. Bariand P, Filippi J., "Le Lapis Lazuli de Sar-e-SAng", Revue de Geographie Physique et de Geologie Dynamique (2) Vol. XIV Pasc. 4 стр. 443–448, Париз, 1972.
Надворешни врски
Лапис лазули на Gemstone.org Документација од онлајн курс изработен од Универзитетот во Калифорнија во Беркли Лапислазули: Појава, рударство и пазарен потенцијал на синиот минерален пигмент „Зошто една средновековна жена имала скриен лапис лазули во забите“, The Atlantic, јануари 2019 година Доблести и приказна за каменот за раѓање на лапис лазули на birthstone.guide Категорија:Метаморфни карпи Категорија:Скапоцени камења