Хрватска жолтика (науч. Berberis aetnensis или Berberis croatica) — ниско листопадно грмушесто растение од семејството BerberidaceaeCatalogue of Life: 31st May 2018, која како вид била опишана во 1826 година.Presl, Carl Bořivoj. 1826. Flora Sichuanica 28Tropicos, Berberis aetnensis C.Presl
Потекнува од Јужна Италија (Кампанија, Базиликата, Калабрија, Сицилија, Сардинија), Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Како субалпско растение, во Македонија е познато само за варовнички карпи и камењари на планините Галичица и Јабланица, на височина од 1600 до 2000 метри. Видот е именуван по планината Етна на Сицилија.Alterrvista Flora Italiana, Crespino dell'Etna, Berberis aetnensis Presl includes photos and distribution maps
Опис Младите гранки на хрватската жолтика имаат црвеникави до светлокафеави со црвеникава нијанса, додека постарите имаат светлокафеави до сивокафеави. Листовите во снопчиња на кусите гранчиња се кожести, ланцетовидни а на врвот заострени, по работ напилени со запци кои завршуваат со долг шиловиден трн [(0,8)1,2 – 1,4(2) мм], со силно испакната мрежеста нерватура на долната страна, а јасно видлива и на горната страна на ламината
Стоми има на двете страни, трновите на плодните гранки се жолтеникаво светлокафеави и не многу долги. Цветовите се собрани во куси гроздести соцветија од 5–12 цвета, обично вертикални, а поретко слабо свиени надолу. Цветовите се со 6 чашкини и 6 венечни ливчиња и 6 прашника. Плодот е бобинчест, цилиндрично издолжен со црвена боја од 1–2 семки.
Наводи
Категорија:Растенија за бонсаи Категорија:Бобинки Категорија:Жолтика Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Македонија