мини|Нетфликс тимот во Шпанија мини|Централата на Нетфликс мини|Логото на Нетфликс Малиот шеф () е американски компјутерски анимиран филм од 2017-та година. Филмот е базиран на истоимената сликовница од 2010-та година од Марла Фрејзи. Продуциран е од ДримВоркс Анимејшн (DreamWorks Animation), режиран од Том Мекграт, а напишан од Мајкл Мекилрој. Во филмот гласовите ги позајмуваат Алек Болдвин и Мајлс Моралес како главни ликови, а Стив Бушеми, Џими Кимел, Лиса Кудроу и Тоби Магваер како главни ликови. Филмот следи бебе кое е таен агент во војна за наклонетост кај возрасните помеѓу бебињата и кученцата.

Малиот шеф премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Мајами на 12 март 2017 година, а бил издаден на 31 март 2017 година По објавувањето, филмот добил мешани критики од критичарите, заработувајќи 528 милиони долари низ целиот свет, а неговиот буџет бил 125 милиони долари. Бил номиниран за најдобар анимиран филм на 90-тото доделување на наградите Оскар, 45-то доделување на наградите Еми и 75-то доделување на наградите Златен глобус, но загубил од „Коко“ на Пиксар.

Продолжението, Малиот шеф: Семејниот бизнис, било објавено на 2 јули 2021 година, додека ТВ серијата на Нетфликс, Малиот шеф: Назад на работа, премиерно била прикажана на 6 април 2018 година.

Дејство Ова е урнебесна семејна комедија, за тоа како доаѓањето на бебето влијае на семејството, раскажана од перспектива на еден прекрасен несигурен наратор - имагинативниот седумгодишен брат, по име Тим. Најнеобичниот мал шеф пристигнува во куќата на Тим со такси, облечен во одело, куфер и зборувајќи со гласот на Алек Болдвин. Ривалството меѓу браќата неволно се става во втор план кога Тим открива дека малиот шеф всушност е шпион на тајна мисија и дека само тој може да му помогне. Започнува смела авантура додека малиот палавко се подготвува да осуети подмолен план што вклучува епска битка помеѓу кучињата и бебињата.

Наводи Категорија:Филмска музика од Ханс Цимер Категорија:Анимирани филмови на ДримВоркс Категорија:Филмови на 20th Century Fox Категорија:Цртани филмови Категорија:Американски 3D-филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2017 година