Погрешно свртување 3 (, буквално: Погрешно свртување 3: Оставени да умрат) — психолошки слешер, снимен во 2009 г. од режисерот Деклан О'Брајан, со Том Фредерик, Џенет Монтгомери и Тамер Хасан во главните улоги. Филмот е продолжение на серијалот на ужасите Погрешно свртување и е трет дел во низата, како непосредно продолжение на приказната од вториот дел, Погрешно свртување 2: Ќорсокак.
Премиерата на филмот се одржала на 8 октомври 2009 г., право на видеоносители. Главните снимања на филмот се одвивале во Бугарија.
Филмот добил мешани и одречни оценки од критичарите, кои го сметале за послаб во споредба со претходните два дела. По овој филм, во 2011 г. следел четвртиот дел, кој всушност е предисторија на изворниот прв дел, насловен како Погрешно свртување 4: Крвав почеток.
Содржина Додека сплаварат во областа на реката Блуфиш, четворица студенти се нападнати од канибалот мутант Трипрстиот. Само тинејџерката Алекс успева да побегне низ шумата. Во меѓувреме, група опасни злосторници се пренесуваат од затворот во Графтон, Западна Вирџинија, во затворски автобус придружуван од тројца чувари низ зафрлените шумски патишта.
Кога застануваат во една полициска станица, шерифот Карвер е известен за исчезнатите тинејџери. Возачот на автобусот продолжува кон нивното местоназначение, но камион на шлеп-служба управуван од Трипрстиот го удира автобусот, кој излетува од патот. Затворениците и чуварите се нападнати од мутантот, а меѓу нив настанува хаос додека опасните злосторници се обидуваат да ја преземат контролата над чуварите. Кога случајно ја среќаваат Алекс, таа им кажува колку е опасен и изопачен мутантот; набрзо сите сфаќаат дека Алекс ја кажува суровата вистина.
Улоги
|Том Фредерик || Нејт Вилсон |- |Џенет Монтгомери || Алекс Мајлс |- |Том Макеј || Брендон Луис |- |Тамер Хасан || Карлос Чавес |- |Гил Колирин || Флојд |- |Џејк Карен || Крофорд |- |Кристијан Контрерас || Вилијам Хуарес |- |Чак Вен || Волтер Хејзлтон |- |Мајк Страуб || Преслоу |- |Борислав Илиев || Трипрстиот |- |Борислав Петров || Трипрстиот |- |Бил Муди || шериф Алан Карвер |- |Ема Клифорд || заменик Ели Лејн
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Германски филмови Категорија:Бугарски филмови Категорија:Американски хорор-филмови