Ајлин Аделаида Брус (15 февруари 1905 година, Питерсхам, Лондон – 6 октомври 1955 година, Лондон) — англиска таксономист и ботаничарка. Работела во Кју Гарденс и во Јужноафриканскиот национален хербариум во Преторија. Истражувала голем број растителни семејства, особено усноцветни, ревизија на родот Kniphofia, и семејствата Pedaliaceae и Loganiaceae.

Ран живот и образование Брус била родена во Питерсам на 15 февруари 1905 година и го посетувала училиштето „Френсис Холанд“ во Лондон. Чувала врамено семејно стебло во својата куќа кое го покажувало нејзиното потекло од Роберт Брус. По завршувањето на училиштето, таа се стекнала со диплома на Универзитетскиот колеџ во Лондон, студирајќи кај професорот Едвард Салисбери.

Кариера Таа се приклучила на персоналот на Кралските ботанички градини во Кју во 1930 година, каде работела како помошник ботаничар, работејќи на семените растенија од тропска Африка. Во 1941 година, по почетокот на Втората светска војна, се пријавила во Помошната територијална служба, била распоредена и продолжила да служи во Командата за противвоздушна одбрана. По завршувањето на непријателствата, била назначена во Јужноафриканскиот национален хербариум во Преторија во 1946 година. Во текот на нејзините шест години таму, работела на голем број растителни семејства, особено на усноцветни, а исто така и на ревизија на родот Kniphofia. Нејзината работа била објавена во Боталија и Цветни растенија од Африка.

Во раните 1950-ти, се вратила во Кју како научен службеник во Хербариумот, работејќи на семејствата Pedaliaceae и Loganiaceae, придонесувајќи за Флората на тропската Источна Африка и Билтенот на Кју.

Смрт и наследство Откако во 1954 година била дијагностицирана со рак, се лекувала и продолжила да работи. Во октомври 1955 година, имала операција, по која починала.

Архивите на Кралските ботанички градини во Кју содржат дел од нејзината преписка со Е. Милн-Редхед и Н. Д. Симпсон, како и нејзината тетратка и документи од ботаничката турнеја на Корзиканските планини во 1937 година.

Наводи

Литература

Bruce, Eileen Adelaide | International Plant Names Index (ipni.org)

Категорија:Апсолвенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон Категорија:Починати во 1954 година Категорија:Родени во 1905 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки