Македонска стрнишница () ― вид каранфил опишан од Вандас. Овој вид е во родот стрнишница (Gypsophila) и семејството на каранфилите (Caryophyllaceae).
Опис и распространетост Ова е повеќегодишно растение со развиен ризом и со многубројни стебленца. Стебленцата се мали, 10-15 см во висина, не многу разгранети, во долниот дел со погусти листови. Листовите се 5-7 мм долги, а 0,5 мм широки. Соцветиоето е ретко со 10-20 цвета. Дршките на цветовите се тенки, многу подолги од чашката.Цветовите се многу мали, заедно со венчето се долги 4-4,5 мм. Венечните ливчиња се розеви. Семките се темнокафеави, речиси црни.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, Том I, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993 г. стр. 349
Расте по тревести места и по пасишта.
Ова растение е познато само за околината на Битола.
Наводи
Категорија:Стрнишница Категорија:Флора на Македонија