Етел Зои Бејли (1889-1983) била американска ботаничарка и прв кустос на Хорториумот Бејли на Универзитетот за Корнел од 1935 па се до 1957 година. Таа ја создала Колекцијата на хортикултурен каталог на Етел Зои Бејли, исто така во 1912 година била првата жена во Итака, Њујорк, која положила за возачка дозвола.

Ран живот и образование Етел Зои Бејли била родена на 17 ноември 1889 година од нејзините мајка и татко, ботаничарката Либерти Хајд Бејли. Таа дипломирала на факултетот Смит во 1911 година со нејзината диплома по зоологија, и потоа таа работела во Универзитетот Корнел заедно со својот татко, уредувајќи неколку негови статии, вклучувајќи ги „Стандард енциклопедија за хортикултура“ и „Прирачник за култивирани растенија“.

Кариера Бејли патувала во земји, како во Венецуела и Тринидад, на истражувачки екскурзии со својот татко. Таа била заменик автор на две прирачници со својот татко, вклучувајќи ги „Хортус“ и „Хортус Втор“, од кои втората е објавена во 1969 година. По смртта на нејзиниот татко, Бејли ја ревидирала и го надгледувала објавувањето на третиот и ажуриран том, „Хортус Трет“, со персоналот на Хорториумот „Либерти Хајд Бејли“ во 1975 година.

Бејли работела во Хорториумот „Либерти Хајд Бејли“ на Универзитетот Корнел како прв кустос на институцијата од 1935 до 1957 година. Таа се пензионирала од Корнел во 1957 година, но продолжила да волонтира во Хорториумот сè до нејзината смрт во 1983 година. За да може да се транспортира до и од Хорториумот, Бејли ја добила својата возачката дозвола во 1912 година и била првата жена во Итака, Њујорк што го сторила тоа.

Додека била на Корнел, Бејли придонела за „Стандард Циклопедија за хортикултура“ и „Прирачникот за култивирани растенија“ и ги уредувала првите осум тома од академското списание „Gentes Herbarum“. Таа, исто така, составила и индексирала ботанички примероци од различни земји. Овој каталог на примероци, сега наречен Колекција на хортикултурни каталози на Етел З. Бејли, е изложен во Корнел.

Бејли била погребан на гробиштата Лејк Вју во Итака, Њујорк.

Наводи

Категорија:Починати во 1983 година Категорија:Родени во 1889 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари