Дамчеста змијоглавка () ― вид цветно растение од семејството на лисичинките (Boraginaceae). Тоа е единствениот вид во родот Pontechium.
Ботанички опис
Тоа е двегодишно растение, високо 20–65 см. Стеблото е вертикално, обично неразгрането, со густи, долги, испакнати влакна, поставени на брадавични израстоци и со кратки, притиснати влакна. Базалните и долните стебла се копјести, линеарно-копјести до тесно елиптични, цели, зашилени на врвот, долги 4–14 см, широки 0,4–0,6 см, на горната страна со полусоседни влакна, на долната страна со притиснати влакна, постепено се стеснуваат во ливче во основата, горните стебла се тесно копјести, неподвижни. Цветовите се неподвижни или со многу кратки ливчиња, собрани во едноставни српести монохази кои се групирани во повеќе или помалку издолжени класовидни соцветија. Чашката e долга 6–8 мм, длабоко петделна со 5 копјести, речиси нееднакви сегменти во чашката, со долги филаменти, свртени нагоре, кои штрчат до половина. Венчето е долго 12–18 мм, со црвена, темноцрвена или виолетова боја, стеснета до средината во малку закривена цевка на венчето, проширениот дел од венчето е малку закосен со 5 широко елиптични или јајцевидни сегменти на венчето, речиси со еднаква големина, на надворешната страна со кратки, меки, притиснати филаменти. Прашниците со црвени филаменти излегуваат надвор од венчето. Столпчето излегува надвор од венчето, со видливо задебелена или плитко засечена сегменти. Јатки долги околу 2,5 мм, триаголно-овични, црни, горниот дел кратко во облик на клун, со ретки брадавични израстоци.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 112, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Распространетост и живеалиште
Дамчестата змијоглавка потекнува од делови од Европа и западна Азија, од Полска и Австрија преку Балканот и Украина до источноевропска Русија, Кавказ, Турција и Туркменистан.
На планински пасишта, на камења, меѓу грмушки, покрај патишта, во деградирани шуми, често на варовничка подлога, но се среќава и на силикатна подлога, до 1400 м. Во Македонија е познат во: Прилеп, Козјак, Црна Река, Мариово, Смрдлива Вода и др.
Видот првпат бил опишан како Echium maculatum од Карл Линеј во 1759 година. Во 2000 година, Бол и Хилгер го сместиле во свој род како Pontechium maculatum.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лисичинки Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1759 година