Златоград — град во Јужна Бугарија, административен центар на истоименета општина во Смољанската Област. Има население од околу 6.870 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.03.2024 г.
Географска положба Златоград се наоѓа во јужниот дел на Родопите, во долината на реката Врбица. Градот е оддалечен околу 300 км југоисточно од Софија, 60 км од регионалниот центар Смољан и 6 км северно од граничниот премин Златоград – Л’џа, преку кој се стигнува до грчкиот град Скеча.
Историја мини|Куќа во Златоград од XIX век.|левоВо Отомански дефтери градот го носел името Дар’дере и Беловидово. Порано градот бил центар на истоименета административна област. Според пописот во 1528 година, градот имало 15 муслимански домаќинства и 39 немуслимански. Во 1558 година имало 38 муслимански домаќинства и 60 христијански. Додека во 1590 година: 38 муслимански и 150 христијански домаќинства.
Во XIX век градот бил значаен центар за исламот во Бугарија. За време на русофилската преродба во Бугарија, во 1834 година било основано првото селско ќелијно училиште. Во 1852 година бил напишан т.н. „Златоградски писмовник“ од Костадин Александров. Во 1871 година била изградена црквата „Св. Ѓорѓи“. Во тоа време градот имало развиено занаетчиство, сточарство и трговија.
За време на Руско-турската војна, градот бил окупиран од руската војска но по Берлинскиот конгрес останал под Отоманска власт. За време на Балканските војни, војската на Бугарија го окупирале градот. Градското муслиманско население било депортирано со Букурешкиот мировен договор. На 19 мај 1934 година, како дел од уништувањето на исламското присуство во Бугарија, 956 населени места во државата добиле нови словенски имиња. Градот бил преименуван во Златоград.Георгица Назарска: Преименуване на населени места и местности в Шуменския регион (1878–1944) (во превод: „Преименување на населени места и предели во Шуменскиот регион (1878–1944)“). Во: Бугарија почнува оттука. Материјали од 2. Национална конференција за историја, археологија и културен туризам. Шумен, 14–16.05.2010, стр. 575–576, ISBN 978-954-577-588-8, PDF-верзија на страницата на academia.eduНиколај П. Ковачев: Българска ономастика. Наука за собствените именa (Бугарска ономастика. Наука за сопствените имиња), Издавачка куќа „Наука и изкуство“, Софија, 1987, стр. 37
Во 1985 година, Тодор Живков го спроведил Преродбениот процес, што доведело до масовно уништување на џамии и муслимански гробишта во регионот. Сите џамии во градот биле уништени. После падот на комунизмот во 1990 година, џамиите повторно биле обновени. Денес градот е муслиманско.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на општина Златоград
Категорија:Населени места во областа Смољан Категорија:Градови во Бугарија