Павел Бања () — гратче во Јужна Бугарија, административен центар на истоименета општина во Старозагорската Област. Градот е познат како балнеолошко одморалиште. Има население од околу 2.604 жители (2024).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2024 г.

Георграфија Градот е распореден во централниот дел на Бугарија, во северозападниот дел на Старозагорската Област и меѓу Стара Планина и Средна Гора во Розовата Долина. Се наоѓа близу до Казанлак (околу 20–25 km), во соседство со акумулацијата „Копринка“.

Историја Павел Бања е релативно нова населба. Основана е по Ослободувањето на Бугарија од османлиската власт, од преселеници од соседното село Турија. Основните родови, кои се населиле во новото село Павел, биле околу десетина. Покрај националното богатство – минералната вода, селото се развивало и се појавиле некои одморалишта. Од 10 ноември 1978 година Павел Бања има добиено статус на град.Указ № 1608 от 15 септември 1978 г. Обн. ДВ. бр. 88 от 10 ноември 1978 г.

Балнеолечение Павел Бања е национален балнеолошки центар. Градот се стекна со известност по своите лековити минерални води. Тие се карактеризираат како слабоминерализирани, хипотермални, радонски, силициумски и флуорни. Од седумте природни сондажни извори бликаат минерални води со температура од 50 до 61 °C. Одморалиштето е профилирано за лекување на дегенеративни и воспалителни ортопедски заболувања на опорно-двигателниот апарат, состојби по трауматски и ортопедски заболувања, дегенеративни, зглобни и перизглобни воспалителни заболувања, заболувања на периферниот нервен систем – дискова болест, моно- и полиневрити, радикулити, заболувања на централниот нервен систем и др. Во градот се распоредени вкупно 11 базени со минерална вода, од кои 7 затворени и 4 отворени.

Минералната вода во Павел Бања содржи флуор и радиоактивниот гас радон, затоа според специјалистите водата треба да се користи изречно и само по лекарска препорака.

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на општина Павел Бања

Категорија:Села во Бугарија Категорија:Населени места во областа Стара Загора