Државен архив - Варна () ― главната јавна установа одговорна за зачувување на архивски материјали во областите Варна, Шумен, Добрич и Трговиште во источна Бугарија. Архивот бил основан во 1952 година. После реконструкцијата во 1997 година, архивот е сместен во најстарата јавна зграда во градот, првично изградена како конак. По ослободувањето на Бугарија во 1878 година, таа служела како Окружна полициска управа. Зградата има историско значење како место каде што кнезот Александар I Батенберг го прогласил Обединувањето на Бугарија и Источна Румелија на 6 септември 1885 година.

Наводи

Надворешни врски

Службено мрежно место Категорија:Архиви во Бугарија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на бугарски Категорија:Згради и градби во Варна Категорија:Појавено во 1952 година во Бугарија