Добрица Трајкова Јорданова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и е носител е на Партизанска споменица 1941.
Животопис мини|Добрица Јорданова е носител на Партизанска споменица 1941. Таа била монополска работничка. Станала член на КПЈ во 1941 година. Раководела со неколку воспитни групи, со кои собирала народна помош и растурала летоци. Чувала илегалци и својот дом го отстапувала за одржување илегални состаноци. Во 1942 година работела и во партиската техника. Во септември 1942 година била затворена од бугарската полиција. Окупаторот применил многу драстични мерки за да извлече признание за нејзиното учество во НОД, но таа ништо не признала. Немајќи докази за да ѝ суди била интернирана во концентрациониот логор за жени „Свети Никола“ кај Асеновград, Бугарија. Во логорот се приклучила кон партискиот актив. Во ноември 1943 година била ослободена. По враќањето во Прилеп раководела со група напредни жени. Во тоа време делувала како член на Градскиот одбор на АФЖ. Носител е на Партизанска споменица 1941 година и повеќе одликувања.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Македонци во логорот Свети Никола (Асеновград)