Таганај (, ) — група планински гребени во Јужен Урал, на територијата на Чељабинската Oбласт, со највисока точка која се издига на 1178 м. надморска височина. Националниот парк Таганај бил основан во 1991 година, а неговата југозападна граница се протега до периферијата на Златоуст. Вкупната површина на паркот е околу 568 километри квадратни, со растојание од 52 километри од север кон југ и ширина од околу 10-15 километри.
Огромен дел од паркот е покриен со шуми од сибирска смрека, бор, ариш, јасика, врба, липа и евла. Регистрирани се над 750 видови растенија, од кои некои се наведени во Црвената книга. Ова е исто така дом на многу животински видови, волци, рисови, кафеави мечки, куни, лосови и видри. Паркот е исто така дом на околу 180 видови птици, 55 видови цицачи и 10 видови риби. Некои од нив се евидентирани и во Црвената книга. мини|240x240пкс|Поглед кон југ во правец на Златоуст.
Наводи
Надворешни врски
Матична мрежна страница на Националниот парк Таганај (руски) Националниот парк Таганај на Викимапија
Категорија:Географија на Чељабинската област Категорија:Планински венци во Русија Категорија:Национални паркови во Русија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:МСЗП-Категорија II