Националниот парк Калеваљски () опфаќа една од последните шуми со стар бореален бор во Европа. Се наоѓа на границата помеѓу Русија и Финска, приближно на средната точка од југ кон север. Паркот се наоѓа во руската Република Карелија, односно 30км северно од градот Костомукша. Интересно е да се напомене дека Калевала, епска поема од финскиот и карелискиот усен фолклор, е извлечена баш од овој регион. Традиционалните луѓе во областа ги вклучуваат Лапонците и Карелијците.

Топографија Територијата на паркот се наоѓа на југоистокот од Балтичкиот штит, кој ги содржи најстарите карпи во Европа (3 милијарди години стари прекамбриски кристални гранити, гнајсеви и слични), покриени со многу млад слој (20-30 метри) од глацијални наслаги. За време на неодамнешната плеистоценска глацијација, тешки континентални ледени плочи го пробивале и го стеснувале регионот, оставајќи додека се топеле рамен предел од езера и реки. Западниот дел од паркот е претежно рамна (и генерално натопена) шума, додека источниот дел има повеќе ридови и гребени; надморската височина во паркот се движи помеѓу 105-278 метри."Ecology of Karelia". petsru.ru. Archived from the original on March 4, 2016. Retrieved December 31, 2015. Поради вредниот минерален профил, рударството е главна индустрија во областа, а сечата е исто така важна област.

Во паркот се евидентирани 250 потоци и 400 езера. Само околу 100 од езерата имаат површина поголема од 10 хектари. Покривката на паркот е 85% шума, 9% мочуриште и 6% езера и реки. Мочуришните системи се сложени, а тресетот е под поголемиот дел од територијата, а во делови достигнува длабочина од 6 метри во некои мочуришта. Шумата е претежно составена од бор, со околу 10% смрека и некои мали насади од бреза и јасика на местата на поранешните фарми. лево|мини|300x300пкс|Граници на Националниот парк Калеваљски (зелена), финска граница (виолетова)

Клима Климата на Калеваљски е субарктичка клима, без сува сезона (Кепенова класификација на климата Субарктичка клима (Dfc)). Оваа клима се карактеризира со благи лета (само 1-3 месеци над 10 °C) и студени, снежни зими (најстуден месец под -3 °C). Бројот на денови со снежна покривка е 170-180; бројот на денови без мраз е 80–95 дена."Kalevalsky National Park". Voinitsa.ru. Retrieved December 31, 2015.

Екорегион Копнениот екорегион на Калевански е скандинавска и руска тајга (WWF ID#608), регион карактеризиран со зимзелени шуми. Слатководниот екорегион е класифициран како „Дренажи на Баренцовото Море“ (FEOW ID#407), карактеризиран со миграциски видови, ниски нивоа на ендемизам и голем број видови донесени од луѓето. FEOW забележува дека „Рибната фауна е формирана од имигранти од атлантско и сибирско потекло со само слаб збир на примарни слатководни европски видови; затоа, „мешаната“ природа на рибната фауна е нејзина главна карактеристична црта“.

Поврзано

Република Карелија

Наводи

Надворешни врски

Зелениот појас на Феноскандија Република Карелија - Официјална страница за Калеваљски Карта на Националниот парк Калеваљски (официјална страница на паркот) Фото галерија на Калеваљски развој (Европска комисија) Официјална Твитер страница на Националниот парк Калеваљски Воздушно видео од Националниот парк Калеваљски Зелен појас на Феноскандија

Категорија:Национални паркови во Русија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:МСЗП-Категорија II