мини|DmC: Devil May Cry, типичен претставник на жанрот hack and slash|267x267px Hack and slash (од англиски: hack — сече/удира и slash — расекува; попознат по скратеницата слешер) — израз што го опишува играчкиот процес кај видеоигрите што е фокусиран на употреба на оружје за блиска борба и уништување на голем број противници со негова помош. Играчкиот процес е изграден врз доминација на спектакуларноста и анимациите на масовни борби над самата приказна. Hack and slash не се издвојува како посебен жанр со строги одлики, туку овој израз често се користи за означување на игри од жанровите beat 'em up, боречки игри и акциони игри со улоги. Се среќаваат и скратените варијанти: Hack'n'slash, H&S или HnS.
Слешерите главно се развиваат првенствено за конзоли (иако голем дел од нив се портуваат и на други платформи), бидејќи џојстикот многу подобро одговара за овој вид игри поради големиот број копчиња со кои многу полесно се изведуваат бројните комбо-удари и обично е поудобен за рацете. Контролите на компјутер се многу полошо прилагодени за ова — тастатурите се кабасти, а можностите на глувците со две или три копчиња се недоволни. Поголемиот дел од игрите за PC се потпираат на монотоно користење на само неколку копчиња, што е и причина за релативно ниската популарност на овој жанр меѓу корисниците на таа платформа. За подобро искуство при играње слешери на компјутер, поудобно е да се користат „гејмерски“ глувци со повеќе копчиња или дополнителен џојстик, чија поддршка е стандардна за денешните оперативни системи.
Најзначајни игри
Наводи
Категорија:Жанрови на видеоигри