Saponaria bellidifolia — вид растение опишан од Џејмс Едвард Смит. вклучена во родот Saponaria и семејствоto Каранфили.
Опис и живеалиште Ова е многугодишно растение со силно разгранет и збиен подземен здрвенет дел. Цветните стебленца се високи 20-40 см, голи или со ретки влакнасо еден до два пара листови на нив и со главичесто соцветие на врвот. Листовите се голи и собрани се во основата на стеблото. Цветовите се собрани во главичести соцветија. Чашката е долга околу 7 мм. Венечните ливчиња се жолти или жолтеникаво бели. Прашниците се 10, плодникот е со две столпчиња, плодната кутијка е цилиндрична, а семките бубреговидни.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 350
Расте по варовнички камења и пасишта на плитка почва, на надморска височина до 2000 метри.
Во Македонија го има на Шар Планина, Јакупица, Караџица, Бистра, Меденица, Маврово, Македонски Брод, Козјак, Кичево, Цер, Кораб, Галичица, Скопје, Гостивар, Жеден.
Галерија
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа