Голо Село (, Акролимни; до 1926 г. Γκόλο Σέλο, Голо СелоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκόλο Σέλο -- Γυμνά, до 1966 г. Γυμνά, ГимнаΓια μια Κρύα Βρύση όπως όλοι ονειρευόμαστε) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 940 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено со само со Македонци, кои денес се мнозиство од населението.
Географија Селото се наоѓа во источниот дел на Солунското Поле, 3 км западно од Пласничево, југозападно од Пазар (Ениџе Вардар).
Историја Во Отоманското Царство На крајот на XIX век Голо Село е забележано како село во Ениџевардарскатаказа. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 380 Македонци и 25 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 146. Во Голо Село работела грчката пропаганда. Сите жители на селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Голото Село (Goloto-Selo) имало 400 Македонци под патријаршијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 102-103.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Голото било мегленско со 50 куќи.
Селото многукратно настрадало од андартски напади. На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа во Ениџевардарско:
Во овој период во селото работела и бугарската пропаганда. Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев, во 1909 г. во Голото Село работело бугарско училиште.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 343 жители, кои во 1920 г. спаднале на 270. Во 1913 г. грчкиот функционер Панајотис Деказос, одговорен за земјоделството при Македонското управништво го споменал Голо Село како село населено со „словенојазични елини“,Δεκάζος, Παναγιώτης Α. "Η Νάουσα της Μακεδονίας: Οικονομολογική μελέτη της γεωργίας, κτηνοτροφίας και δασών της περιφερείας ταύτης". Εν Αθήναις, 1913. што секако е тенденциозна лага. Учителот Н. Антонов е ставен на распрашување од грчки војнициГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 176.
Во 1924 г. властите присилно иселиле 53 лица во Бугарија, а на нивно место доселиле 143 грчки колонисти од Кавказ. Во 1926 г. името на селото е сменето во Гимна, што е превод на македонското име (букв. „Голо“). Во 1928 г. Голо Село имало 425 жители, од кои 105 лица (31 семејство) биле грчки дојденци.
Во 1940 г. селото имало 738 лица кои, како и во сите околни села, продолжиле да растат во текот на следните десетлетија поради плодноста на почвата добиена од пресушувањето на блатното Ениџевардарско Езеро.
Во 1966 г. селото е повторно преименувано, овојпат во Акролимни.
Население
Стопанство Селото има мошне плодна почва, потпомогната од каналската мрежа преку која се врши наводување на целото земјиште ослободено со мелиорација на блатото. Главни производи се овошјето (од големите насади со праски и јаболка), памукот и житото. Се одгледуваат и млечни крави.
Поврзано Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол