Етнографски реализам — облик на истражување којшто се потпира на низа извори на податоци, но обично има тежнеење да се потпира главно на набљудување од страна на учесникот. Сепак, поимот се однесува и на производот од овој вид истражување, кое секако нормално има текстуален облик. Како резултат на тоа, етнографијата понекогаш е сметана и за „жанр на пишување“, која е користена за опишување на обрасци на човеково општествено заемодејствие во одредени контексти.
Во контекст на етнографијата, поимот „реализам“ често е користен за да бидат означени претпоставките што ги прават некои видови етнографски дела за појавите што треба да бидат истражени и како тие треба да бидат разбрани. Сепак, поимот „етнографски реализам“ е користен и за да биде означен стил на пишување што ги раскажува искуствата и набљудувањата на авторот како читателот да е сведок или да ги доживува настаните од прва рака. Дело напишано со употреба на етнографски реализам може да биде наречено „реалистичка етнографија“ и да биде класифицирано како поджанр на етнографијата.
Стилови на етнографски реализам Џорџ Маркус и Дик Кушман ги опишале и категоризирале реалистичките етнографии според одредени особини.
Збирлив опис Сезнаечка нарација Домородно толкување Генерализации Жаргон
Наводи
Категорија:Реализам (уметност) Категорија:Етнографија Категорија:Антропологија