Dianthus stenopetalus — вид каранфил опишан од Август Хајнрих Рудолф Гризебах. Тој припаѓа на родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.
Опис и распространетост Повеќегодишно растение, кое достигнува висина до 40 см. Стеблото е четириаглесто, со ситни брадавички и рапава површина. Базалните листови се тесно линејни, широки до 0,5 мм, најчесто преклопени, додека стеблените се плоснати; лисните ракавци се до 10 пати подолги од нивната ширина. Цветовите се собрани во мали збиени топчести соцветија со многу цветови; двете најнадворешни прицветници се кожести, елиптични и нагло стеснети во тенок осил подолг од нив. Има четири чашкини лушпи кои се елиптични или тесно елиптични, со ципест раб, белузлави во основата, набрани и темнокафеави во горниот дел, нагло стеснети во тенок осил долг 4-5 мм, странично расперен. Чашката е гола, долга 5-8 мм, широка 2-3 мм, пурпурна, често надуена и со големи запци; запците се долги 2,5-3 мм, во основата широки 1 мм, со 3-7 жили, постепено зашилени на врвот, со ципест раб и куси цилии. Венечните ливчиња се пурпурни, малку подолги од чашката; ламината е долга до 3 мм, широка 1,5 мм и најчесто со два запчиња на врвот.
Се среќава на високопланински пасишта до 2200 м, на силикатна подлога и подлабоки почви. Познато е за Пелистер.
Галерија
Наводи Griseb., 1843 In: Spic. Fl. Rumel. 1: 187 World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World
Надворешни врски
Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија