Восход 2 () била советска посадна мисија во март 1965. Вселенското летало Восход 3КД од серијата Восток, со двајца членови на екипажот, Павел Бељаев и Алексеј Леонов, било опремено со надувлива воздушна комора. Оваа мисија означи уште еден значаен чекор во вселенските истражувања кога Алексеј Леонов стана првиот човек кој го напушти леталото во специјално вселенско одело и изврши 12-минутна прошетка во отворената вселена.

Наводи

Категорија:Вселенски летала пуштени во 1965 година