Вера Бошкова Георгиева Јосифовска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Окупацијата на земјата ја затекнала како ученичка во кавадаречката гимназија . Веднаш станала симпатизер на КПЈ и НОД. Од февруари 1942 година е член на СКОЈ. Зела учество во ширењето на комунистичка литература, растурањето летоци и друг илегален материјал. По задача на КПЈ и СКОЈ била ангажирана како курир во разнесувањето на материјали и префрлувањето на илегалци меѓу организациите на Кавадарци и Неготино. Пренесувала пиcмa од Кавадарци во Гевгелија, Неготино, Велес. Учествувала и во размножувањето на материјали во партиската техника во Кавадарци. Поради болест, во април 1944 година, заминала на лечење во Сурдулица и тука продолжила активно да работи меѓу болните. Во септември 1944 година дошла во Скопје. По ослободувањето на градот, била приклучена кон скоевската организација во гимназијата и избрана за член на скоевскиот актив.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ