Љубица Златевска Јосифовска ( во — ?) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис мини|Споменик во Кавадарци на местото на загинување на Киро Крстев и Димче Мирчев. Почнувајќи од 1941 година, таа била симатизер на НОД, а во април 1942 година била примена за член нa СКОЈ. Растурала летоци, чувала илегалци и ги префрлувала од едно на друго место, и пренесувала илегален материјал. Раководела група на симпатизери со кои собирала народна помош. На 12 септември 1943 година, таа била затворена, но по еден месец ослободена. Нејзиниот дом и понатаму служел за илегално засолниште. Меѓутоа, на 6 април 1944 година, бугарската полиција ја блокирала нејзината куќа, во која, во тој момент престојувале илегалци. Во престрелката со полицијата, загинале илегалците Димче Мирчев и Киро Крстев, а Љубица била ранета, фатена од полицијата и судена од ВПС. Капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година и донела ослободување, кога и се приклучила кон единиците на НОВ и ПОМ, како борец во Десеттата македонска ударна бригада.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Затвореници во Бугарија