Стојна Илиева-Јоновска Јосифовска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од средината на 1942 година учествувала во заднината на НОД во селото. Како сопруга на борец од партизанскиот одред „Питу Гули", месела леб и подготвувала храна за одредот. Во зимата 1942/43 се грижела за сместувањето на група борци од одредот во селото. Бугарската полиција и контрачетниците честопати ја апселе и малтретирале. Во aвгycт 1943 година, заедно со целото семејство била уапсена и интернирана во селото Брод во близина на грчката граница. По шестмесечен престој во интернација, во почетокот на 1944 година се вратила во селото и веднаш се поврзала со организацијата. Во март 1944 година станала член на СКОЈ и била задолжена да работи со женската младина. Ги организирала младинките во селото Пуста Река за плетење топла облека, месење леб и друго. Подоцна била избрана за секретар на СКОЈ и претседател на народна младина во Пуста Река. Во текот на 1944 година во нејзината куќа честопати се приготвувала храна за партизанските единици. Во почетокот на 1945 станала член па КПМ.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Затвореници во Бугарија