мини|Авганистански војници во патрола во 2011 г. за време на Војната во Авганистан. Како полнолетен вооружен кадар во активна служба на воена формација, тие законски би се сметале за комбатанти и затоа би можеле да извршуваат насочени напади против противничките вооружени сили, но и самите да бидат цел на такви напади. Комбатант ( — „борец“) — лице што зема непосредно учество во борбените дејствија во составот на вооружените сили на една од страните во меѓународен вооружен судир и во тоа својство поседува посебен правен статус (определбата за комбатант е непосредно или посредно содржана во Третата женевска конвенција и Дополнителниот протокол I кон Женевските конвенции).
Определба Правната определба за комбатантите била формулирана во 1907 г. на Втората хашка конференција, во рамките на Конвенцијата за законите и обичаите на војната на копно (попозната како IV хашка конвенција). Дури тогаш, по долги расправи, биле утврдени критериумите со кои можело да се разликуваат комбатантите од останатите учесници во вооружените судири:
Бидејќи препознавањето на војниците на редовната армија не предизвикува сомнеж, овие критериуми главно биле создадени за да помогнат во разграничувањето на доброволечките одреди од граѓанското население.
Поврзано Наемник
Наводи
Категорија:Меѓународно право на вооружените конфликти Категорија:Воени лица Категорија:Воени поими