Артемис 1 (официјално Артемис I) — пробен лет без екипаж, дел од програмата Артемис на НАСА. Тој е прв лет на носечката ракета Space Launch System (SLS) и прв лет на Orion MPCV. Ракетата е лансирана на 16 ноември 2022 г. во 06:47:44 ч. UTC.

Порано позната како „Истражувачка мисија-1“ (Exploration Mission-1, EM-1), мисијата била преименувана по воведувањето на програмата „Артемис“. Била лансирана од вселенскиот центар Кенеди, од каде леталото „Орион“ било испратено на мисија во времетраење од 26 до 42 дена, од кои најмалку 6 на далечната повратна орбита околу Месечината. Мисијата била предвидена да ја потврди можноста за летови со екипаж на леталото „Орион“ и носечката ракета SLS, почнувајќи со вториот пробен лет, Артемис 2.

Профил на мисијата

Артемис I била лансирана со варијантата Block 1 на ракетата SLS. Block 1 се состои од централна фаза, два пет-сегментни цврсти ракетни потисници (SRBs) и горна фаза. Центалната фаза користи четири мотори RS-25D, кои претходно биле користени на мисиите на Спејс шатл.Units E2045, E2056, E2058, and E2060. Централната фаза и потисниците заедно произведуваат , или околу 4,000 тони потисок при полетувањето.

Галерија

Наводи

Категорија:Артемис (вселенска програма) Категорија:Мисии до Месечината Категорија:Космонаутиката во 2022 година