Рафаел Алкорта Мартинес (роден на 16 септември 1968, во Билбао) — шпански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Израснат во академијата на Атлетик Билбао, тој го имал своето деби со резервниот тим на „рохибланкосите“ во сезоната 1985-1986. Во 1987 година бил промовиран во првиот тим на Атлетик играјќи шест сезони за тимот пред да премине во Реал Мадрид во 1993 година. Во Мадрид поминал четири сезони, освојувајќи две првенствени титули (1994-1995 и 1996-1997) и еден Суперкуп на Шпанија (1993), по што се вратил во Атлетик Билбао каде ја завршил својата кариера во 2002 година.
За шпанската репрезентација дебитирал во мај 1990 година. Играл на сите три Светски првенства во текот на 1990-тите години (1990, 1994, 1998) и на едно Европско првенство (1996).
Биографија Неговиот помлад брат Оскар, исто така бил фудбалер, но иако ја минал младинската школа на Атлетик Билбао не успеал да оствари успешна кариера.
По завршувањето на кариерата Откако ја завршил својата играчка кариера, Алкорта работел како помошник тренер на поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Мичел во Олимпијакос и Олимпик Марсеј. Во декември 2018 година, по изборот на Аитор Елизеги за претседател на Атлетик Билбао, тој бил назначен за нов спортски директор на клубот.
Титули Клупски Реал Мадрид Примера Дивисион : 2 1994-1995, 1996-1997 Суперкуп на Шпанија : 1 1993
Наводи
Надворешни врски
Рафаел Алкорта на soccerway Рафаел Алкорта на transfermarkt Рафаел Алкорта на espn Рафаел Алкорта на whoscored
Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Атлетик Билбао Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1990 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Живи луѓе