Денот на нулта дискриминација е годишен ден што се слави на 1 март секоја година од страна на Обединетите нации (ОН) и други меѓународни организации. Денот има за цел да промовира еднаквост пред законот и се практикува низ сите земји-членки на ОН. Првпат бил прославен на 1 март 2014 година, а бил лансиран од извршниот директор на УНАИДС, Мишел Сидибе, на 27 февруари истата година со голем настан во Пекинг.
Во февруари 2017 година, УНАИДС ги повика луѓето да „кренат врева околу нулта дискриминација, да проговорат и да спречат дискриминацијата да стои на патот кон остварување на амбициите, целите и соништата“.
Денот особено го одбележуваат организации како што е УНАИДС, кои се борат против дискриминацијата врз луѓето што живеат со ХИВ/СИДА „Стигмата и дискриминацијата поврзана со ХИВ се распространети и постојат во речиси секој дел од светот, вклучително и во нашата Либерија“, според д-р Иван Ф.Каманор, претседател на Националната комисија за СИДА на Либерија. Програмата за развој на ОН, исто така, во 2017 година им оддала почит на ЛГБТИ луѓето со ХИВ/СИДА кои се соочуваат со дискриминација.
Активистите во Индија го искористиле овој ден за да се изјаснат против законите што ја зголемуваат веројатноста за дискриминација кон ЛГБТИ заедницата, особено за време на претходната кампања за укинување на законот (Индиски кривичен законик, член 377) што се користел за криминализирање на хомосексуалноста во таа земја, пред тој закон да биде поништен од страна на Врховниот суд на Индија во септември 2018 година.
Во 2015 година, ерменските Американци во Калифорнија одржале настан на Денот на нулта дискриминација во спомен на жртвите од ерменскиот геноцид.
Темата за 2026 година е „Луѓето на прво место“.
Наводи
Надворешни врски
Ден на нулта дискриминација во УНАИДС Категорија:Празници во март Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации