Котугери или Кутугери (, Кесаријана, до 1926 г. Κουτούγερη, Кутугери или Κατούγερη, КатугериΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κουτούγερη - Καισαριανά) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 76 жители (2021). Сè до 1924 г. населението било исклучиво македонско.

Географија и местоположба Ова е полупланинско село, сместено на 8 км од градот Воден, на надморска височина од 140 м.

Историја Средновековие Се претпоставува дека селото го добило називот кој византиските власти го користеле за богомилските калуѓери кои живееле тука.

Османлиско време На крајот од XIX век Котугери е забележано како чисто македонско село во Воденската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ 1873 г. Котуери (Cotouyéry) е посочено како село во Воденската Каза со 12 куќи со 56 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живет 60 жители Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.148.

Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Катугери (Katougueri) имало 48 Македонци под патријаршијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.

Потпаѓање под Грција Со Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 44 жители. Во 1924 г. македонското население се иселило и на негово место се донесени грчки бегалци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Кесаријана. Во 1928 г. Котугери било аселено исклучиво со Грци доселеници — 38 семејства со вкупно 134 жители.

Население

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде покрај Котугери и градот Воден, спаѓаат и селата Пачарешко и Црковјани.

Стопанство Селото е стопански пасивно, а главни гранки се полоделството (жито) и овоштарството (праски и јаболка).

Наводи

Категорија:Воден