Костурени или Костурино (, Ксифјани; до 1953 г. Ξυφώνια или Ξυφώνεια, КсифонијаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ξυφώνια -- Ξιφιανή; до 1922 г. Κωστούργιαννη, КостурјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κωστούργιαννη -- Ξυφόνεια) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 628 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.

Географија Селото е смесетено во котлината Меглен, 16 км северно од Воден и на 4 км јужно од С’ботско.

Историја Средновековие На западната страна на ридот Свети Димитриј има остатоци од населба од IX век. Тука се откриени рушевини од црква. Се смета дека ова била првобитната местоположба на селото, преместено во периодот од 1780 до 1790 г. на сегашното место заради сигурност.

Во Отоманското Царство Костурени првично било чисто христијанско село. Дел од жителите на Костурени во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Црквата „Св. Димитриј“ на истоимениот рид е изградена во 1858 г. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1973 г. Костурени (Kostouréni) било село во Воденската Каза со 77 куќи на 325 жители, од кои 190 биле Македонци-христијани, а 135 биле Македонци муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 – 159.

Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ на крајот на XIX век Костурино (Кустурјани) — македонско муслиманскоНарекувајќи ги „Бугари/помаци“ под влијание на бугарската пропаганда. село со машко население од 314 души и 90 домаќинства. Согласно статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Костурино (Костурени или Костурчани) — македонско село сочинето од 250 Македонци-христијани и 700 Македонци муслимани.

Целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква) и меѓу него силно работела грчката пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Костурени (Kostoureni) имало 280 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191. Наскоро проработела и бугарската пропаганда, па во 1909 г. селото е отворено и бугарско училиште.Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр февруари

Гркоманите од Костурени зеле активно учество во грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 722 жители, кои во 1920 г. биле 710. До 1922 г. било во иста општина заедно со Рудино и Слатина. Истата 1922 г. е преименувано во Ксифонија, а во 1953 г. во Ксифјани, во чест на византискиот војсководец Никифор Ксифија. Во 1920-тите муслиманското македонско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Во 1928 г. селото е заведено како мештанско-дојденско (македонско-грчко) со 640 жители, од кои 426 лица (107 семејства) биле дојденци.

Според истражување од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-дојденско“, во кое македонскиот и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Население

Стопанство Селото важи за доста богато бидејќи лежи во поле и земјиштето се наводнува од реката Мегленица. Главни производи се индустриски пиперки, тутун, овошје, жито и друго.

Поврзано Мегленица Меглен

Наводи

Категорија:Меглен