„Золи“ — роман од Колум Мекан. Го следи животот на Мариенка Новотна, со прекар „Золи“, словачка Ромка, од нејзиното детство во 1930-тите, преку нејзиниот егзил во 1950-тите, па сè до нејзиниот подоцнежен живот. Золи е измислен лик, но нејзиниот живот е делумно базиран на оној на полската ромска поетеса Папуша (Бронислава Вајс).

Золи го портретира прогонот на Ромите со кој се соочиле за време на Втората светска војна, како и влијанието на тоталитаризмот врз ромската култура и начин на живот и искуствата со различноста и маргинализацијата со кои се соочуваат Ромите кои живеат во Европа. Романот е напишан претсавувајќи повеќе перспективи, кои вклучуваат нарација од прво и од трето лице.

Поврзано

Фиктивни претстави на Ромите

Надворешни врски

Осврт за Золи на Canada.com „10-те најдобри романи за поети од Колум Мекан“, The Guardian, 3 октомври 2006 година Радио интервју , Bookworm, 22 март 2007 година

Категорија:Американски романи Категорија:Романи за Втората светска војна Категорија:Роми