Ева Георгиева, родена како Јовка Петрова Стојанова () — бугарска народна пејачка од Добруџанскиот Крај. Својата светска слава ја должи на нејзиниот исклучителен глас и работата со вокалното Трио Бугарка.
Животопис Родена е во градот Омуртаг на 28 јули 1925 година. Завршила во Средното музичко училиште во Софија, а потоа запишала „оперско пеење“ во класата на проф. Георги Златев-Черкин. Цветана Дјакович ја насочила кон народното пеење и таа започнала да соработува со различни оркестри во Радио Софија.
Во 1952 година, заедно со диригентот Борис Петров и уште шест народни пејачки, станала соосновачка на народниот хор при Бугарското радио, подоцна наречен „Мистеријата на бугарските гласови“.
Во 1975 година Ева Георгиева заедно со Јанка Рупкина и Стојанка Бонева, го основала и светски познатото Трио Бугарка. Трите пејачки внимателно го избирале својот репертоар, чија основа биле нивните соло песни, преработени за камерен состав и снимени за Бугарското радио. Подоцна овие снимки станале дел од неговиот Златен фонд. Пеењето на Трио Бугарка се одликува со совршена усогласеност и префинето музицирање, што го потврдува како една од најдобрите женски камерни фолклорни формации.
Светската слава на триото се должи и на средбата на пејачките со продуцентот на Пинк Флојд и R.E.M. – Џо Бојд.Од нивната музика бил воодушевен и Џорџ Харисон, гитаристот на Битлси. Триото соработувало и на снимките за два албума на британската поп-ѕвезда Кејт Буш.
Ева Георгиева оставила богат личен радио-репертоар во фондот на БНР, кој вклучува народни добруџански песни што таа ги собирала уште од своите детски години.
Ева Георгиева починала во Софија на 18 април 2004 година.
Наводи
Категорија:Бугарски пејачи Категорија:Бугарски уметници