Долно Хусеинќој (, Като Јонико; до 1928 г. Χουσεΐν Κιόι, Хусеин Ќој) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 42 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа 37 км северозападно Скеча и 52 км североисточно од Драма, во падините на Западните Родопи, непосредно до државниот пат ЕО14 (Драма–Скеча), над левата страна на Места, на надморска височина од 160 м.
Историја
Во XIX век Долно Хусеинќој било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото е евидентирано заедно со Хусеинќој со 490 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 403 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 96 бегалски семејства (вкупно 461 бегалец), така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1928 г. селото е преименувано во Јонико (Ιωνικό).
Стопанство Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на сточарството.
Население
Наводи
Забелешки
Категорија:Скеча (општина)