Крстополе или Крсто Поле, Крстопол (во минатото: Ениќој, Ени Ќој; , Ставруполи; до 1920 г. Γενή Κιόι, Гени Ќој) — мало гратче во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 373 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа 52 км источно од Драма и 36 км северозападно од Скеча, во мала котлина покрај реката Места, на нејзината лева страна, на надморска височина од 110 м. Сместено е во подножјето на Западните Родопи, близу до реката Дермен, лева притока на Места.

Низ Крстополе минува државниот пат ЕО14 (Драма–Скеча), а во непосредна близина и железничката пруга Солун-Дедеагач со сопствена железничка станица.

Историја

Во Отоманското Царство лево|мини|Неделко Килев, Штерју Георгиев, непознат и Атанас Тропчов (Тропчев) во Чепеларе, 1899 г. Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569–70 г. даночно обврзаното население на Ениќој и маалото Габрово, се наведува вака: 3 неженети муслимани, 59 христијански семејства, 168 неженети христијани и 3 вдовици.

Кон крајот на XIX век Крстополе било големо македонско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак. Тодор Симовски погрешно го посочува целото тогашно население како турско. Според некои извори, покрај христијаните, во Крстополе се населиле и бегалци од неколку околни исламизирани села: од Брештене (Ис Јорен), Скечанско, и од Чајлик, Муратли и Мунчино, Саришабанско.Вулев, Г. Село Кръсто поле, Еникьой, Ксантийско. С., 1972, с. 16-17.

Во 1870 г. во Крстополе било отворено бугарско училиште. Од 1870–1874 г. во него предавал даскал Јаков Змејковиќ од с. Вруток, Полошко. Во текот на учебната 1909/1910 г. наставниот кадар броел 7 лица, а имало 194 ученици распоредени во 4 одделенија и 3 паралелки. Еден од наставниците бил писателот Дамјан Калфов, кој предавал во селото во периодот 1907–1910 г.

Летото 1900 г. Тодор Халчев основал и раководел револуционерн комитет на ВМОРО во Крстополе, во кои учествувале неговите браќа Васил и Атанас, како и Неделко Килев, Димитар Бечиров, Штерју Георгиев (Гочев), Иван Белков, Михаил Палатев, Петар Херов, Михаил Караџов, Георги Матинов, Георги Бодуров, Штерју Керезов, Стамат Бечов, Александар Вулев, Кирјак Чулбуров, Сава Гочев, Тодор Бечиров, Сава Колцев, Нашо Вулев и други. Во селото имало 30 гркомански куќи, коишто до одреден степен ја ограничувале револуционерната активност.

До 1909 г. Крстополе имало околу 300 куќи, од кои 220 егзархиски, 50 патријаршиски и 30 муслимански. Главен поминок на населението било тутунарството.

Според статистиката на Љубомир Милетиќ, во 1912 г. Крстополе било едно од двете македонски христијански села во Скечанската Каза. За двете села Габрово и Ениќој, Милетиќ посочува население од 600 егзархиски семејства.

Во Грција мини|Напуштена куќа во Крстополе (1990) Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година Крстополе броело 2.137 жители. Дел од жителите избегале во Пашмаклиско, плашејќи се од истребување од страна на околното турско население, а дел заминал за градот Скеча, кој влегол во рамките на Царството Бугарија. Весникот „Трговски светилник“ известува дека до летото 1914 г., меѓу многуте бегалци во Скеча, имало 166 семејства со 865 членови од Ени Ќој (Ени Кьой) од Крстополе.„Търговски фар“, бр. 573, 22 юни 1914 г., Заселването на бежанците от Мала Азия, Тракия и Македония По отстапувањето на Западна Тракија по крајот на Првата светска војна (1918), Македонците од Крстополе повторно биле принудени да се преселат, упатувајќи се на север кон Бугарија.Вулев, Георги. Село Кръстополе, Еникьой, Ксантийско. София, 1972, стр. 101-102.

Во 1920 г. селото е преименувано во Ставруполи (Σταυρούπολη). Во 1923 г. сите муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 277 бегалски семејства (вкупно 1.121 бегалец) од разни места во Мала Азија, Понд и Источна Тракија, но и семејства од небегалско потекло.

Во 1940 г. Крстополе е евидентирано со 3.108 жители, од кои 2.213 од машки пол, што значи дека во оваа бројка биле пресметани и припадниците на овде стационираниот воен полк на жандармериската поткоманда со повеќе од 1.300 души. Со наредба бр. 107 од 26 септември 1946 г. Крстополе добило статус на градска општина, со вкупна површина од .

За време на Втората светска војна, од 1941 г. селото е одново окупирано од бугарски единици. На 1 септември 1941 г., со исполнување на наредба на тогашниот Министерски совет на Царство Бугарија, кај селото е основан логорот „Ениќој“ или „Крстополе“, во документи именуван како Населба на Државна сигурност № 2. Во логорите власта претежно праќала дејци од БКП, ВМРО (Обединета) и други противници на власта на Богдан Филов. Логорот исто така имало улога во Холокаустот со нејзиното интернирање на лица од еврејско потекло.Архивни снимки

Стопанство Населепието, покрај други дејности, претежно се занимава со земјоделство. Главни производи се памук, тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство. За потребите на месното и околното население, во Крстополе постојат повеќе трговски и занаетчиски дуќани.

Население

Општествени установи

Пошта Полициска станица Околиски суд

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Благовештение“ — главна селска црква, подигната во 1858 г. Црква „Св. Архангели“

Параклиси

„Св. Недела“ „Св. Димитриј“

Личности Родени во Крстополе

Александар Вулев (?–1906) — револцуионер од ВМОРО Гаврил Караоланов — револуционер и општественик Георги Чалбуров (1896–1960) — трговец и општественик во Бугарија Неделко Килев (1882–1944) — револцуионер од ВМОРО Тодор Халчев (1867–?) — револцуионер од ВМОРО По потекло од Крстополе

Катерина Сакеларопулу (р. 1956) — поранешна претседателка на Грција

Поврзано

Крстополе (логор) — концентрационен логор од времето на Втората светска војна

Наводи

Забелешки

Категорија:Скеча (општина)