Кристијан Ролдан (роден на 3 јуни 1995, во Артижа) — американски фудбалер, играч од средниот ред на и на американската репрезентација.

Биографија Роден во САД, од родители од гватемалско и салвадорско потекло, Ролдан израснал во Калифорнија. Тој има двајца браќа Сесар (постар) и Алекс (помлад), од кои вториот е исто така фудбалер и игра заедно со него за од 2019 година, но и за салвадорската репрезентација.

На 31 декември 2022, Ролдан стапил во брак со Кијана Барон.

Клупска кариера Колеџ и аматерска кариера Ролдан бил прогласен за Gatorade Национален играч на годината за 2013 година, додека учел во Средното училиште Ел Ранчо во Пико Ривера, Калифорнија. Тој ги одбил поканите од ЛА Галакси и Чивас да се приклучи на нивните академии и ги предводел Ел Ранчо Донс до сезона без пораз со 26 победи. Во неговата трета година, тој постигнал 21 гол и имал 21 асистенција за Ел Ранчо, а исто така играл и за младинскиот клуб Унион Индепендиенте. Во текот на сезоната 2012–2013, тој постигнал 54 гола и имал 30 асистенции и го предводел Ел Ранчо до регионалното средношколско првенство.

Ролдан бил скаутиран од Универзитетот во Вашингтон на турнир во Сан Диего и ја поминал својата колеџ кариера со Вашингтон Хаскис. Во неговите две сезони во колеџ фудбалот, Ролдан одиграл вкупно 41 натпревар и постигнал 10 гола и седум асистенции, помагајќи му на тимот да ја освои титулата во Пацифик-12 конференцијата во 2013 година. Тој бил прогласен за бруцош на годината во конференцијата за 2013 година, победувајќи го својот иден соиграч од Саундерс, Џордан Морис од Стенфорд Кардинал.

За време на меѓусезоната во колеџот, Ролдан играл во Премиер развојната лига за Вашингтон Кросфајр. Тој се приклучил на тимот во 2013 година, како дел од подготовките за приклучување кон Хаскис. Ролдан, исто така, играл за тимот на Портланд Тимберс под 23 години во MLS Homegrown Game во 2014 година.

Професионална кариера Сиетл Саундерс На 8 јануари 2015 година, било објавено дека Ролдан го напуштил колеџот порано за да потпише Generation Adidas договор со МЛС лигата. Иако се очекувало да биде избран рано на МЛС Супердрафтот 2015, тој бил избран дури кон крајот на првата рунда како 16-ти пик од Сиетл Саундерс. Саундерс направиле размена со за правото на пик на драфтот и го скаутирале Ролдан за време на тренинзите со тимот во текот на оф-сезоната. Откако двапати настапил како замена во првите две кола од сезоната против и , Ролдан настапил како замена за придружниот клуб на Саундерс во УСЛ Сиетл Саундерс 2 на 21 март и постигнал гол во 89-тата минута во победата од 4–2 над актуелниот шампион во првенството, Сакраменто Репаблик. Поради повреди и репрезентативни повици, тој го направи својот прв старт во МЛС на 29 март во ремито без голови на гости против ФК Далас.

Ролдан се развил плејмејкер играч од средниот ред и заработил редовно место во почетната постава под водството на тренерот Зиги Шмид, по неговите претходни настапи како „влијателна замена“. Тој бил споредуван со капитенот и дефанзивниот играч од средниот ред Освалдо Алонсо, кого Ролдан го сметал за ментор и на крајот го заменил во тимот. Својот прв гол во кариерата во МЛС, Ролдан го постигнал на 13 јули 2016 година, за време на победата од 5–0 над ФК Далас. Во првите години во клубот, тој се спријателил со соиграчот, исто така руки, Џордан Морис - претходно негов колеџ ривал - партнерство на теренот кое било наречено „Џорстијан Мордан“. Веќе во својата втора сезона Ролдан го освоил МЛС купот, играјќи го целиот натпревар добиен по изведување на пенали против ФК Торонто.

Во декември 2018 година, Ролдан се согласил на петгодишно продолжување на договорот со Саундерс за 4 милиони долари.

На 10 ноември 2019 година, Ролдан настапил во својот трет МЛС куп и трет пат против Торонто, каде по една победа и еден пораз овојпат Сиетл славеле уште една победа со резултат 3–1; тој бил вклучен во подготовката за првиот гол на неговиот тим, откако се судрил со Џонатан Осорио, кој ја загубил топката, по што Саундерс дошле до водство со погодокот на Келвин Лирдам. Три години подоцна, тој ги одигра сите осум натпревари на својата екипа на патот на Саундерс до титулата во КОНКАКАФ Лигата на шампионите, постигнувајќи еден гол и пет асистенции, и бил избран во Тимот на турнирот. Во август 2022, тој бил подложен на операција на препоните за лекување на спортска хернија, што била неговата прва поголема повреда во текот на неговата кариера. Тој се вратил во тимот за последни три натпревари од регуларната сезона, но неуспеал да им помогне на Саундерс да се квалификуваат за плејофот.

Во јануари 2023 година, Ролдан го продолжил својот договор со Саундерс за уште пет години, заедно со Морис. Во летото 2025 година, Саундерс како победник на КОНКАКАФ Лигата на шампионите за 2022 година, имале право на учество на новото проширено издание на Светското клупско првенство; во групната фаза на турнирот тие играле со клубови како европскиот шампион, , потоа и . Ролдан ги започнал како стартер сите три натпревари (постигнал и гол против Ботафого), но Саундерс претрпеле три порази и биле елиминирани од турнирот. Во август 2025, тој одиграл клучна улога во победничката кампања на Саундерс во Купот на лигите 2025, каде ги одиграл сите 6 натпревари на својот тим вклучително и финалето, во кое Саундерс го совладале со убедливи 3-0.

На 5 април 2026 година, Ролдан го одиграл својот 400-ти натпревар во дресот на Сиетл Саундерс во победата со 1-0 на гости над .

Репрезентативна кариера

Ролдан го претставувал САД во селекцијата под 20 години. Тој исто така имал право да игра и за Гватемала или Ел Салвадор преку потеклото на неговите родители, и во едно интервју споменал дека му биле понудени повици од сениорските репрезентации на двете нации.

На 12 јули 2017 година, тој бил вклучен во составот на сениорската репрезентација на САД за КОНКАКАФ Голд купот 2017; во вториот натпревар од групната фаза на турнирот, Ролдан го направил своето деби за „Јенките“ играјќи го целиот натпревар во победата над Мартиник со 3-2. Иако тоа бил неговиот единствен настап на турнирот, тој освоил победнички медал затоа што американците ја освоиле титулата.

Две години подоцна, тој настапил на КОНКАКАФ Голд купот 2019, каде имал многу поголема улога забележувајќи 4 настапи вклучително и во полуфиналето и финалето, последното загубено со 1-0 од .

Во 2021 година, тој бил повикан за своето трето континентално првенство, играјќи пет натпревари (4 од нив како замена), а меѓу нив и финалето кое меѓу другото било реприза на она од пред две години, но овојпат американците му се реванширале на Мексико совладувајќи го со истиот резултат. Со тоа Ролдан го освоил својот втор победнички медал на КОНКАКАФ Голд куп турнирите.

Во 2022 година, Ролдан и неговиот соиграч од Саундерс, Џордан Морис, биле повикани во конечниот состав на САД за Светското првенство 2022 во Катар. Ролдан одиграл ограничен број минути за време на претходната квалификациска кампања за Светското првенство, но бил избран од Грег Берхалтер поради неговата лидерска улога на тренинзите и способноста да игра неколку улоги. Сепак, иако бил повикан, тој не настапил во ниту еден натпревар на турнирот, кој за САД завршил во осминафиналето после поразот со 3-1 од .

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Клупски Сиетл Саундерс МЛС куп : 2 2016, 2019 КОНКАКАФ Лига на шампиони : 1 2022 Куп на лигите : 1 2025

Репрезентативни САД КОНКАКАФ Голд куп : 2 2017, 2021

Наводи

Надворешни врски

Кристијан Ролдан на soccerway Кристијан Ролдан на transfermarkt Кристијан Ролдан на espn Кристијан Ролдан на whoscored

Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сиетл Саундерс Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2022 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026