алт=|мини|Советски војници кај Сталинград за време на краток одмор по борбата десно|мини|од лево кон десно: Јосиф Сталин, Франклин Д. Рузвелт и Винстон Черчил на средба на Техеранската конференција во 1943 година По Минхенскиот договор, Советскиот Сојуз продолжил со зближување со нацистичка Германија, а веќе на 23 август 1939 година потпишал пакт за ненапаѓање со Германија, кој вклучувал таен протокол со кој била поделена Источна Европа на германски и советски сфери на влијание, предвидувајќи потенцијални „територијални и политички преуредувања“ на овие земји.

На 1 септември 1939 година Германија ја нападнала Полска со што официјално започнала Втората светска војна, а веќе 16 дена подоцна, на 17 септември Советите ја нападнале источна Полска.

По Зимската војна со Финска која траела од 30 ноември 1939 година до 12 март 1940 година, на Советите им биле отстапени територии од Финска, а по ова веќе во јуни 1940 година следела анексија на балтичките држави и делови од Романија.

На 22 јуни 1941 година, Адолф Хитлер ја започнал операцијата Барбароса, која била најголемата воена инвазија во историјата, насочена кон Советскиот Сојуз и која резултирала со низа жестоки и крвави битки, како и ужасни злосторства.

Оваа офанзива се состоела од три армиски групи, односно Север, Центар и Југ на кои биле распоредени на стратешки правци: Армиската група Север чија цел била кон Балтикот и Ленинград, Армиската група Центар се движела кон Москва како главна политичка и воена цел, а додека Армиската група Југ напредувала кон ССР Украина, со цел освојување на економски значајните области како и подоцна нафтените ресурси во Кавказ и околината на Сталинград.

Овие три правци биле дел од поширока стратегија за брзо уништување на Советскиот Сојуз преку координиран и масовен напад на повеќе фронтови. Градот Ленинград бил под опсада, додека другите поголеми градови паднале во рацете на Германците, но и покрај почетните успеси, германската офанзива запрела во Битката кај Москва на само 20км до 30км оддалеченост од градот, а Советите започнале контраофанзива, потиснувајќи ги Германците назад.

Неуспехот на операцијата Барбароса ја сменила судбината на Германија, а Сталин бил уверен дека сојузничката воена машина на крајот ќе ја победи Германија. Советскиот Сојуз ги одбил нападите на Оската, како што се Битката кај Сталинград и Битката кај Курск, што означувало пресвртница во војната. Западните сојузници им обезбедиле поддршка на Советите во форма на заем-лизинг, како и воздушна и поморска поддршка.

Сталин се сретнал со своите колеги Винстон Черчил и Франклин Д. Рузвелт на Техеранската конференција и разговарал за војна на два фронта против Германија и иднината на Европа по војната. Советите започнале успешни офанзиви за да ги вратат територијалните загуби и започнале напад кон Берлин со што во мај 1945 година Германците безусловно се предале по падот на Берлин.

Најголемиот дел од советските борбите, а воедно и од цела Европа се воделе на Источниот фронт, како и Продолжената војна со Финска, но тие исто така го нападнале Иран во август 1941 година заедно со Британците.

Веќе во август 1945 година советскиот сојуз влегол во војната против Јапонија, која започнала со инвазија на Манџурија. Тие имале гранични конфликти со Јапонија до 1939 година пред да потпишат пакт за ненапаѓање во 1941 година. Сталин се согласил со западните сојузници да влезат во војната против Јапонија на Техеранската конференција во 1943 година и на Кримаската конференција во февруари 1945 година, откако Германија била поразена.

Влегувањето на Советскиот Сојуз во војната против Јапонија, заедно со атомските бомбардирања од страна на Соединетите Американски Држави, довело до капитулација на Јапонија, што го означило крајот на Втората светска војна.

За време на војната, Советскиот Сојуз, заедно со Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Кина, се сметале за Големата четворка сојузнички сили.

Советскиот Сојуз претрпел најголем број жртви во војната, губејќи повеќе од 20 милиони граѓани, околу една третина од сите жртви во Втората светска војна и воедно е и најзаслужна за победата над фашизмот. Целосната демографска загуба за советскиот народ била уште поголема.Geoffrey A. Hosking (2006). Rulers and victims: the Russians in the Soviet Union. Harvard University Press. p. 242. Германскиот Генерален план Ост имал за цел да создаде повеќе Lebensraum ( ) за Германија преку истребување.

Се проценува дека 3,5 милиони советски воени заробеници загинале во германско заробеништво како резултат на намерно малтретирање и злосторства, а милиони цивили, биле убиени во Холокаустот. Сепак, по цена на голема жртва, Советскиот Сојуз се појавил како глобална суперсила.

Советите воспоставиле зависни комунистички влади во Источна Европа, а тензиите со Соединетите Американски Држави и западните сојузници прераснале во она што станало познато како Студена војна. мини|Сталин и Рибентроп при потпишувањето на пактот Молотов-Рибентроп на 23 август 1939 година. Во текот на триесетите години од 20 век, советскиот министер за надворешни работи Максим Литвинов се појавил како водечки глас за официјалната советска политика на колективна безбедност со западните сили против нацистичка Германија, а во 1935 година, Литвинов преговарал за договори за меѓусебна помош со Франција и со Чехословачка со цел да се спречи експанзијата на Хитлер.

По Минхенскиот договор, кој ѝ дал делови од Чехословачка на нацистичка Германија, политиката на смирување на западните демократии го навела Советскиот Сојуз да ја преориентира својата надворешна политика кон зближување со Германија.

На 3 мај 1939 година, Сталин го заменил Литвинов, кој бил тесно идентификуван со антигерманската позиција, со Вјачеслав Молотов.

Во август 1939 година, Сталин го прифатил предлогот на Хитлер за ненапаѓање со Германија, договорен од министрите за надворешни работи Вјачеслав Молотов и Јоаким фон Рибентроп. Иако официјално бил само договор за ненапаѓање, додаден таен протокол, исто така постигнат на 23 август, ја поделил цела Источна Европа на германски и советски сфери на влијание. На СССР му бил ветен источниот дел од Полска, во случај на негово распаѓање, а Германија ги признала Латвија, Естонија и Финска како делови од советската сфера на влијание, а Литванија била додадена во втор таен протокол во септември 1939 година.Christie, Kenneth, Historical Injustice and Democratic Transition in Eastern Asia and Northern Europe: Ghosts at the Table of Democracy, RoutledgeCurzon, 2002,

Друга клаузула од договорот била дека Бесарабија, тогаш дел од Романија, требало да се придружи на Молдавската ССР и да стане Молдавска ССР под контрола на Москва.

Пактот бил постигнат два дена по прекинот на советските воени разговори со британските и француските претставници во август 1939 година за потенцијален француско-англо-советски сојуз, а политичките дискусии биле прекинати на 2 август, кога Молотов изјавил дека тие не можеле да се продолжат сè додека не се постигнел напредок во воените разговори кон крајот на август, откако разговорите застанале околу гаранциите за балтичките држави,Michael Jabara Carley (1993). End of the 'Low, Dishonest Decade': Failure of the Anglo-Franco-Soviet Alliance in 1939. Europe-Asia Studies 45 (2), 303–341. додека воените разговори на кои инсистирал Молотов започнаа на 11 август.

Во исто време, Германија, со која Советите започнале тајни преговори на 29 јулиFest, Joachim C., Hitler, Houghton Mifflin Harcourt, 2002, , page 588Ulam, Adam ,Stalin: The Man and His Era, Beacon Press, 1989, , page 509-10Shirer, William L., The Rise and Fall of the Third Reich: A History of Nazi Germany, Simon and Schuster, 1990 , page 503 тврдела дека може да им понуди на Советите подобри услови од Велика Британија и Франција, при што Рибентроп инсистирал дека „нема проблем помеѓу Балтичкото Море и Црното Море што не може да се реши меѓу нас двајца“.Fest, Joachim C., Hitler, Harcourt Brace Publishing, 2002 , page 589-90Vehviläinen, Olli, Finland in the Second World War: Between Germany and Russia, Macmillan, 2002, , page 30 Германските службеници изјавиле дека, за разлика од Велика Британија, Германија може да им дозволи на Советите да продолжат со нивниот развој непречено и дека „постои еден заеднички елемент во идеологијата на Германија, Италија и Советскиот Сојуз, а тоа било спротивставување на капиталистичките демократии на Западот“.Bertriko, Jean-Jacques Subrenat, A. and David Cousins, Estonia: Identity and Independence, Rodopi, 2004, page 131 До тогаш, Молотов добил информации во врска со англо-германските преговори и песимистички извештај од советскиот амбасадор во Франција. лево|мини|Советска коњаница на парада во Лавов (тогашен Лвов), по предавањето на градот за време на советската инвазија на Полска во 1939 година По несогласувањето со Сталин при неговото барање за преместување на трупите на Црвената армија низ Полска и Романија (на што се спротивставиле Полска и Романија), на 21 август, Советите предложиле прекин на воените разговори користејќи го изговорот дека отсуството на висок советски персонал на разговорите се меша во есенските маневри на советските сили, иако главната причина била напредокот што се постигнувал во советско-германските преговори.

Истиот ден, Сталин добил уверение дека Германија ќе одобри тајни протоколи кон предложениот пакт за неагресија, со кој на Советите им било понудено дел од Полска, балтичките држави, Финска и Романија, а Сталин му испратил телеграма на Хитлер истата вечер дека Советите биле подготвени да го потпишат пактот и дека тој ќе го примел Рибентроп на 23 август.Shirer, William L., The Rise and Fall of the Third Reich: A History of Nazi Germany, Simon and Schuster, 1990 , pages 528

Во врска со поголемото прашање за колективната безбедност, некои историчари верувале дека една од причините зошто Сталин одлучил да ја напушти доктрината била обликувањето на неговите ставови за Франција и Велика Британија со нивното влегување во Минхенскиот договор и последователниот неуспех да се спречи германската окупација на Чехословачка, но Сталин можеби го гледал пактот и како начин за добивање време во евентуална војна со Хитлер, со цел зајакнување на советската војска и поместување на советските граници кон запад, што би било воено корисно во таква војна.Yuly Kvitsinsky. Russia-Germany: memoirs of the future, Moscow, 2008 p.95

Сталин и Рибентроп го поминале поголемиот дел од ноќта на потпишување на пактот разменувајќи пријателски приказни за светските работи и шегувајќи се за слабоста на Велика Британија. Двајцата дури се шегувале и за тоа како Антикоминтернскиот пакт првенствено ги исплашил „британските трговци.Shirer, William L., The Rise and Fall of the Third Reich: A History of Nazi Germany, Simon and Schuster, 1990 , pages 541 Тие понатаму размениле здравици, при што Сталин предложил здравица за здравјето на Хитлер, а Рибентроп предложил здравица за Сталин.

Поделбата на Источна Европа и други инвазии мини|Германски и советски војници на парадата во Брест пред фотографија од Сталин На 1 септември 1939 година, германската инвазија на договорениот дел од Полска ја започнала Втората светска војна, а веќе на 17 септември Црвената армија ја нападна источна Полска и ја окупирала полската територија доделена со пактот Молотов-Рибентроп, по што следела координација со германските сили во Полска, а 11 дена подоцна на 28 септември, тајниот протокол на пактот Молотов-Рибентроп бил изменет, со што на Германија ѝ била доделена поголем дел од Полска, додека поголемиот дел од Литванија му била отстапена на Советскиот Сојуз. Советските делови се наоѓале источно од таканаречената линија Курзон, етнографска граница меѓу Русија и Полска, нацртана од комисија на Париската мировна конференција во 1919 година. лево|мини|Планирани и фактички територијални промени во Источна и Средна Европа 1939–1940 (кликнете за да зголемите) мини|Дел од меморандумот од 5 март 1940 година од Лаврентиј Берија до Сталин, во кој се предлага егзекуција на полски офицери