Самар — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 76 жители (2021) и до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.
Географија и местоположба Селото се напоѓа околу 10 км северно од градот Воден, а околу 2 км источно од патот Воден - С’ботско, на надморска висчина од 300 м.
Историја Османлиско време Во османлиските даночни книги за Воденскиот волает од 1619-1620 г. Самар се води како село со 30 домаќинства обврзници на џизија (данок за немуслимани).Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 270.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Самар (Samar) — село во Воденската Каза со 31 куќи и вкупно 173 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Самар имал 244 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 149.
По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 126. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Самар (Samar) имало 160 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191. Во истиот период, Милоевиќ регистрирал 20 куќи, сите македонски.
Припојување кон Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. Самар е припоен кон грчката држава, кога имал 87 жители. Дел од населението се отселило, а на негово место грчките власти во 1924 г. населиле неколку грчки доселенички семејства (бегалци од Турција) со вкупно 24 члена. Во 1926 г. селото е преименувано во Самари. Во 1928 година Самар имал 210 жители, од кои 7 биле доселенички семејства со вкупно 31 член. Во 1940 се заведени 177 жители, од кои 33 доселеници, а останатите Македонци.
Во Граѓанската војна Самар настрадал во Граѓанската војна, а грчките монархистички власти во зимата 1947 г. го присилно отселиле населението во Црковени. По нормализацијата на состојбите, селаните се вратиле во селото.
Население
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луковец, во кој спаѓаат и селата Луковец, Волкојанево и Почеп.
Стопанство Почвата е мошне неплодна, но сепак населението се занимава со сточарство и земјоделство.
Наводи
Категорија:Воден