Тодор Андреев Органџиев (Велес, 1882 — Софија, октомври 1958) — македонски револуционер, анархист и деец на Македонската револуционерна организација. Учесник во Солунските атентати.

Животопис лево|мини|255x255пкс|Владимир Карамфилов, Досјо Андреев и Тодор Органџиев во Македоно-одринската доброволни чета. Тодор Органџиев е роден во 1882 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Неговиот татко, Андреј Органџиев, бил истакнат трговец во градот. Неговиот брат Ѓошо Органџиев бил претприемач и подоцна градоначалник на Велес. Стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Кон почетокот на 1900 година се запишал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде се запознал со македонското револуционерно движење.

Во Солун се запознал со Јордан Поп Јорданов, Константин Кирков, Георги Богданов, Илија Трчков, Владимир Пингов, Илија Поп Јорданов, Димитар Мечев, Алексо Минов и Милан Арсов. Со поттик од Слави Мерџанов, Органџиев го прифатил Анархизмот и се приклучил во Македонскиот таен револуционерен комитет. Се приклучил во Гемиџиите и учествувал во Солунските атентати.

Во 1903 година, после атентатите, се преселил во Кнежевството Бугарија со помош од чичко му Лазар Органџиев. Се запишал во Технолошкиот универзитет во Дрезден. Дипломирал во 1911 година и се вратил во Бугарија. За време на Балканските војни, се приклучил во Македоно-одринските доброволни чети како инженер. За време на Првата светска војна, Органџиев се приклучил во Бугарската војска и учествувал во Македонскиот фронт околу Градско-Прилеп.ДВИА, ф. 1, оп. 4, а.е. 2, л. 2 – 3

После војната се преселил во Софија, каде го примил комунизмот. Се запознал со Павел Шатев и Георги Занков. Работел како инженер сѐ до неговата смрт во октомври 1958 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Починати во 1958 година Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски анархисти Категорија:Македонски револуционери Категорија:Гемиџии Категорија:Македонски инженери Категорија:Дејци на Македонскиот таен револуционерен комитет Категорија:Дејци на МРО Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонци во Бугарија