Општина Аврен () — општина во Североисточна Бугарија, една од составните општини на Варненската област. Административен центар е селото Аврен. Има 9.835 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во источниот дел на Варненската област. Со својата површина од 353,776 km2 го зазема 6-то место меѓу 12-те општини во областа, што претставува 9,24% од нејзината територија.

Самоуправа Општината се состои од 17 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Аврен Бенковски Близнаци Бољарци Добри Дол Д’бравино Здравец Казашка Река Китка Круша Приселци Равна Гора Садово Синдел Трстиково Царевци Јунак

Поврзано Варненска област Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Аврен

Аврен