Фредерик Менсон Бејли (роден на година - починал на година) — ботаничар активен во Австралија, кој дал голем придонес во карактеризацијата и проучувањето на флората на Квинсленд. Познат бил по своето средно име, Менсон.

Ран живот Фредерик Менсон Бејли бил роден во Лондон, втор син на Џон Бејли. Семејството Бејли се занимавало со одгледување и продажба на растенија многу години во Лондон, понекогаш поврзани со расадниците во Лодиџ. Фредерик се школувал во основното училиште на Независната црква во Хакни, Лондон. Семејството се преселило во Австралија во 1838 година, пристигнувајќи во Аделаида во март 1839 година, каде што неговиот татко Џон бил назначен за колонијален ботаничар од страна на гувернерот, Џорџ Голер, и започнал да ја формира Ботаничката градина во Аделаида. Џон Бејли ја имал позицијата колонијален ботаничар до 1841 година.

Кариера Во 1856 година, Менсон се оженил со Ана Марија, најстарата ќерка на свештеникот Томас Вејт, и во 1858 година отишол во Нов Зеланд и стекнал земјиште во долината Хат, но го напуштил во 1861 година и се преселил за Нов Јужен Велс поради Новозеландските војни. Истата година, Бејли отишол во Квинсленд и собирал растенија од различни делови на државата и објавувал статии за растителниот свет. Неговото прво важно објавување било Прирачник за папрати од Квинсленд објавен во 1874 година и Илустрирана монографија за тревите на Квинсленд со Карл Стајгер.

Во 1880 година, соработувал со Џулијан Тенисон-Вудс во објавувањето на Пописот на флората на Бризбејн, а во 1881 година бил назначен за на позицијата колонијален ботаничар на Квинсленд.

Бејли патувал многу, некои негови важни експедиции се Рокингемскиот Залив, Сивју Ренџ и горниот тек на реката Херберт (1873), западен Квинсленд, Рома и Рокхемптон (1876), Кернс и реката Барон (1877), Беленден Кер (1889), реката Џорџина (1895), Торесовиот Проток (1897) и Британска Нова Гвинеја (1898). Бејли бил награден со Кларков медал од Кралското друштво на Нов Јужен Велс во 1902 година, а во 1911 година бил прогласен за CMG (Придружник на Редот на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи). Бејли починал на 25 јуни 1915 година во Кенгуру Поинт, Бризбејн. Погребан е на гробиштата во Јужен Бризбејн.

Наследство Околу 50 видови растенија кои ги открил се именувани по него, вклучувајќи ги Acacia baileyana и Grevillea baileyana. Неговиот син, Џон Фредерик Бејли, бил директор на ботаничката градина во Бризбејн, а потоа и во Аделаида, а Сирил Тенисон Вајт, владин ботаничар на Квинсленд, бил негов внук и ученик-асистент во 1905 година.

Наводи

Други извори

Австралиска национална ботаничка градина; Бејли, Фредерик М. (1827–1915)

Надворешни врски

Погледнете ги делата од Ф.М. Бејли во Библиотеката за наследство на биодиверзитетот. Запис за Ф.М. Бејли во Таксономска литература II онлајн.

Категорија:Починати во 1915 година Категорија:Родени во 1827 година Категорија:Птеридолози Категорија:Британски ботаничари