Вернон Ирвин Чидл (6 февруари 1910 — 23 јули 1995) — американски ботаничар кој работел како втор канцелар на Калифорнискиот универзитет во Санта Барбара од 1962 до 1977 година.

Роден бил во Салем, Јужна Дакота. Дипломирал ботанича на Мајамскиот универзитет во Охајо во 1932 година. Mагистрирал и докторирал по ботаника на Универзитетот Харвард. Неговата докторска дисертација по ботаника била насловена Истражувања во анатомијата на лилјаните и кокичињата (1936). Во 1961 година бил прогласен претседател на Американското ботаничко друштво.

Тој бил активен мајстор атлетичар во и го држел светскиот рекорд повеќе од една деценија во фрлање ѓуле во категоријата од 75 до 80 години, а го постигнал на неговиот домашен терен на Калифорнискиот универзитетот во Санта Барбара.

Чидл станал втор канцелар на Калифорнискиот универзитет во Санта Барбара во време кога локалните лидери во Санта Барбара, Калифорнија, неколку децении се бореле тврдоглаво за да основаат истражувачки универзитет. Чидл им овозможил трансформација на универзитетот од мал хуманитарнонаучен колеџ во истражувачки универзитет.

Сепак, Чидл бил сериозно трауматизиран од превирањата во ерата против Виетнамската војна кон крајот на 1960-тите, кога гувернерот Роналд Реган прогласил воена состојба и распоредил тешко вооружени трупи на Калифорниската Национална гарда во кампусот на Калифорнискиот универзитет во Санта Барбара. Како резултат на тоа, Чидл станал толку пасивен до крајот на неговиот канцеларски мандат што од 1972 до 1977 година, вистинската моќ на кампусот била во рацете на вицеканцеларот Алек Александар. Наводи

Категорија:Американско ботаничко друштво Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Родени во 1910 година Категорија:Американски ботаничари