Општина Златарица () — општина во Северна Бугарија, една од составните општини на Великотрновската област. Административен центар е градот Златарица. Има 4.342 жители (2022).
Географија Општината се наоѓа во југоисточниот дел на Великотрновската област. Со својата површина од 232,68 km2 го зазема 8-то место меѓу 10-те општини во областа, што претставува 4,8 % од нејзината територија.
Релјефот на општината е разновиден — северниот дел е ридски и припаѓа на Среден Предбалкан, додека јужниот дел е планински и ги опфаќа северните падини на Елено-Тврдишката Планина (дел од Средна Стара Планина).
Самоуправа Општината се состои од 24 населени места, од кои 1 град и 23 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:
Горна Хаџијска Горско Ново Село Горско Писарево Дедина Дединци Делова Махала Долно Шивачево Дуровци Д’лги Припек Златарица Калајџии Новогорци Овоштна Равново Разсоха Резач Рекичка Родина Росно Сливовица Средно Село Чешма Чистово Чуката
Поврзано Област Велико Трново Општини во Бугарија
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Златарица
Златарица