Глумец (чешки: Herec) — чешка драмска телевизиска серија во режија на Петер Бебјак. Се одвива во Чехословачка во 1950-тите години.

Насловната улога во серијата, младиот глумец Станислав Ланик, ја игра Јан Чина. Ланик работи за Државната безбедност што го користи како мамка за компромитирање на влијателни личности, во замена за помош во неговата актерска кариера. Во серијата глумат и Јеновефа Бокова, Емилија Вашарјова, Мартин Фингер и Адријан Јастрабан.

Серијата од три дела се прикажувала секоја недела навечер на каналот ČT1 од 11 до 25 октомври 2020 година.

Екипа

Јан Чина како Станда Ланик Јеновефа Бокова како Анежка Ланикова, сестрата на Станда Емилија Вашарјова како Божена Хруба, баба на Станда и Анежка Мартин Фингер како капетан Јиндрич Корчак, офицер во СтБ Адријан Јастрабан како Карел Штепански, сопственик и комунист Јан Недбал како Зденек Шпорк, свршеник на Анежка Лубош Весели како професор Виктор Хел Павел Батек како полковник Владимир Кемпни Елизавета Максимова како Марта Шварцова, актерка Јудит Бардос како Ева Долежалова, актерка аматерка Александар Барта како Данеш Јулиус Орачко како Фаркаш Васил Фридрих како Вањек Јевгениј Либезук како полковник Блочин Лукаш Латинак како Пашак Дана Черна како секретарка Јиржи Шимек како Карел Семерад

Рецепција Награди и номинации Серијата била номинирана за престижната ТВ награда Prix Europa, заедно со добро познати европски серии како „Мојот брилијантен пријател“ и „Калифат“.

Во јануари 2021 година, серијата била номинирана за наградата на Чешките филмски критичари во категоријата за серии. Истиот месец, Чешката филмска и телевизиска академија ги објавила и номинациите за „Чешки лавови“. Серијата добила 7 номинации во следниве категории: најдобра актерка во главна улога (Јеновефа Бокова), најдобар актер во главна улога (Јан Чина), најдобра актерка во споредна улога (Елизавета Максимова), најдобро сценарио (Петр Бок и Павел Готхард), најдобра кинематографија (Мартин Жијаран), најдобра монтажа (Марек Краљовски) и најдобар телевизиски филм или мини-серија. Победила во категоријата за најдобар телевизиски филм или мини-серија.

Наводи

Категорија:Статии со извори на чешки (cs) Категорија:Телевизиски серии