Општина Свиштов () — општина во Северна Бугарија, една од составните општини на Великотрновската област. Административен центар е градот Свиштов. Има 34.488 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во најсеверниот дел на Великотрновската област. Со својата површина од 625,321 km2 го зазема 3-то место меѓу 10-те општини во областа, што претставува 13,41% од нејзината територија. Територијата ѝ е претежно рамничарска и зафаќа делови од Дунавската Рамнина.

Самоуправа Општината се состои од 16 населени места, од кои 1 град и 15 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Алеково Александрово Б’лгарско Сливово Вардим Горна Студена Дељановци Драгомирово Козловец Морава Овча Могила Ореш Свиштов Совата Хаџидимитрово Царевец Червена

Поврзано Област Велико Трново Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Свиштов

Свиштов