Џамија Чакир-ага (турски: Çakır Ağa Camii) — џамија изградена од Чакир-ага Скопски, кој бил началник на јаничарите. Џамијата била изградена во времето на Мехмед Освојувачот во 1453 година и денес се наоѓа во центарот на Одрин, Турција. Edirne Evkaf-ı İslamiyye Tarihi Camiler ve Mescitler.
Џамијата Чакир-ага, со својата квадратна главна сала и минаре во североисточниот агол, е типичен пример за раната отоманска архитектура. Во ѕидовите на џамијата се користени грубо делкани и кршени камења, додека во минарето се користени тули и фино делкан камен. Џамијата има прозорци на два реда на фасадите. Дрвената мимбона на џамијата, обоена во кафеава боја, има побогата орнаментација од михработ. Сместена во градина формирана од ѕидови на источната, западната и северната страна, џамијата има два влеза.
Џамијата Чакир Ага претрпела обемни поправки во 1859 година."XV. Yüzyıl Bânilerinden Çakır Ağa ve Mimari Eserleri". Првично покриена со купола, џамијата била повторно изградена со покрив откако била уништена во 1905 година. Повторно била поправена во 1973 година а џамијата последен пат била реставрирана во ноември 2013 година.Çakır Ağa Camii Restorasyonu Başladı İhlas Haber Ajansı. 75% од трошоците за реставрација на џамијата од 463.833 турски лири биле покриени од Агенцијата за развој на Тракија. Џамијата била повторно отворена за богослужба на 23 февруари 2015 година, по реставраторски работи што траеле приближно 15 месеци.@edirnekultur22. "Çakır Ağa Camii". "Edirne'de 562 Yıllık Tarihi Cami Yeniden İbadete Açıldı".
Наводи
Чакир-ага