Харли Харис Бартлет ( – ) — американски ботаничар, биохемичар и антрополог. Тој бил експерт за тропска ботаника и авторитет за јазикот и културата на народот Батак.

Ран живот Бартлет бил роден во Анаконда, Монтана, на 9 март 1886 година. Неговото семејство се преселило во Индијанаполис, Индијана, во 1899 година, тој се запишал во средното училиште Шортриџ. Тука ги развил своите интереси за ботаника, геологија и хемија. По дипломирањето, тој останал во училиштето како асистент по ботаника и хемија. Бартлет студирал хемија на Универзитетот Харвард, и откако станал додипломец на општествени науки во 1908 година. Бил ангажиран како асистент на додипломски студии во Грејовиот хербариум и работел под Мерит Линдон Ферналд и Бенџамин Линколн Робинсон.

Кариера Бартлет бил вработен во Бирото за растителна индустрија од Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави, каде што работел на исхраната на растенијата и биохемија, како и таксономија. Тој бил инспириран од ботаничарот Уго де Врис и почнал да објавува за генетиката на родот Oenothera.

Поканет од Фредерик Чарлс Њукомб, Бартлет се приклучил на факултетот на Мичигенскиот универзитет во 1915 година. Своето прво колекционерско патување во странство го направил во 1918 година, кога бил испратен на Суматра со компанијата Јунајтед Стејтс Рабер Компани за да бара високопродуктивни извори на гума. Во 1919 година станал директор на Ботаничките градини на Мичигенскиот универзитет, а во 1922 година станал раководител на Одделот за ботаника. Бартлет бил претседател на Мичигенската академија за науки, уметности и книжевност од 1924 до 1925 година и претседател на Американскот ботаничко друштво во 1927 година. Тој бил избран за член во Американското филозофско друштво во 1929 година.

Бартлет се вратил во Суматра во 1927 година и бил фасциниран од културата и јазикот на племето Батак од Асахан. Тој станал водечки авторитет и надворешен водач на племето. Тој направил многу колекционерски патувања во Јужна Америка, како и во Тајван, Хаити и Филипините. Помеѓу 1934 и 1935 година, Бартлет бил професор на размена на Филипинскиот универзитет. Во 1941 година, Бартлет успешно транспортирал 4.800 растенија Hevea brasiliensis во Хаиити, што довело до основањето на Хаитско-американското здружение за развој на земјоделстовто. Во 1948 година, тој ја станал образовен консултант за Филипините во Соединетите Американски Држави и претседател на Комисијата за Филипините. Тој продолжил да го проучува производството на гума и вовел високопродуктивни растенија од Филипините во Хаити и го охрабрил одгледувањето на Parthenium argentatum во делови од Јужна Америка.

Бартлет се пензионирал од Мичигенскиот универзитет во 1956 година, но останал како почесен професор по ботаника и почесен директор на Ботаничката градина. Бартлет бил автор на 179 публикации.

Бартлет починал од срцев удар на 73-годишна возраст на 21 февруари 1960 година, во Ан Арбор, Мичиген.

Именувања во негова чест Во негова чест е одблежан во името на три рода, Harleya, Bartlettina и Siraitia, и многу видови, вклучувајќи ги Anemia bartlettii, Buxus bartlettii, Rhipsalis bartlettii и Panicum bartletii.

Хербариумот на Мичигенскиот универзитет ги содржи неговите колекции од над 60.000 примероци. Во 1955 година, Одделот за ботаника го основил Фондот за истражување на растенијата „Харли Харис Бартлет“ како начин за финансирање на ботанички екскурзии.

Наводи

Надворешни врски

Дела од или за Харли Харис Бартлет на Internet Archive Документи на Харли Харис Бартлет, 1909-1960 во Историската библиотека Бентли, Мичигенски универзитет

Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Починати во 1960 година Категорија:Родени во 1886 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари Категорија:Американско ботаничко друштво