десно|мини|413x413пкс|Димензии на кошаркарско игралиште Кош — поим во кошарката што се користи за следење на постигнатите погодоци на натпревар. Името доаѓа од кошот што има облик на кош и низ кој се уфрла топката.
Вредност на кошовите Во раниот развој на кошарката, секој кош вредел еден поен. Во 1896 година, било воведено правило дека шутот од поле вреди 2 поени, а од слободно фрлање 1 поен. Ова правило било изменето во 1967 година кога била воведена „линијата за 3 поени“, кружен лак со полупречник од средиштето на кошот. Должината на полупречникот се менувала со текот на времето и сега (од октомври 2010 година) е 6,75 м според правилата на ФИБА и ВНБА и 7,24 м (6,70 м на страните, поради просторот до работ на теренот) во НБА.
Кошовите носат различен број на поени, во зависност од местоположбата од каде е изведен шутот:
Од слободно фрлање - 1 поен, Од внатрешноста на линијата за 3 поени - 2 поени и Вон линијата за 3 поени - 3 поени.
Екипата која ќе освои повеќе поени до крајот на играта е победник на таа игра. Во случај на ист број на поени, резултатот е нерешен и се играат продолженија до конечната победа.
Наводи
Категорија:Кошарка