Ен Ронел (родена Розенблат; 25 декември 1905 – 25 декември 1993) била американска композиторка и текстописец. Таа била најпозната по стандардните песни „Willow Weep for Me“ (1932) и „Who’s Afraid of the Big Bad Wolf“ (1933).

Биографија Ронел е родена во Омаха, Небраска, како ќерка на Морис и Моли Розенблат, и дипломирала на Централното средно училиште во Омаха во 1923 година. Се запишала на колеџот Витон, во Масачусетс, но се префрлила по втората година за да продолжи сериозно музичко образование. Дипломирала на колеџот Редклиф, каде што студирала музика кај Волтер Пистон. Додека била во Редклиф, Ронел пишувала музика за претстави на колеџот, и давала рецензии и интервјуа за музичкото издание на училиштето. Откако го интервјуирала Џорџ Гершвин, таа се спријателила со композиторот, кој ја ангажирал како пијанистка за неговата претстава Розали. Гершвин ѝ предложил да го смени своето име од Розенблат во Ронел.

Музичка кариера Ронел, заедно со Дороти Филдс, Дана Суес и Кеј Свифт, била една од првите успешни холивудски композитори или либретисти. Во 1929 година, таа ја објавила својата прва песна во шоуто „Down By the River“. Во 1930 година, таа го напишала својот прв хит „Baby's Birthday Party“. Првично песната била напишана за мјузикл, но Ронел минала без успех неколку музички издавачи, сè додека „Family Music“ се согласиле да ја објават. Во 1932 година, таа продуцирала уште две песни што ѝ ја донесле славата, „Rain on the Roof“ и „Willow Weep for Me“, од кои втората му ја посветила на Џорџ Гершвин.

Во 1933 година, Ронел се преселила во Холивуд. Таму, таа ја напишала првата хит песна на Дизни, „Кој се плаши од волкот лош?“, заедно со Френк Черчил, за цртаниот филм „Три мали прасиња“ (1933). Таа била позната по тоа што била еден од ретките композитори во тоа време кои работеле и на музика и на текст.

Ен Ронел ги напишала текстовите и музиката за бродвејскиот мјузикл „Count Me In“ (1942). Пишувала песни и музика за филмови. Работела како музички директор за филмот „Главната улица до Бродвеј“ (1953).

Наследство Она што го правела Ронел со музиката за филмови било влијателно. За првпат тематска песна била испеана преку одјавната шпица на филмот, таа била првата што продуцирала плоча од филмска музика, а во 1942 година, Ронел станала првата жена што ги напишала и музиката и текстот за едно шоу на Бродвеј.

„Willow Weep for Me“, најпознатата песна на Ронел, е снимена од значајни уметници како Били Холидеј, Кеб Каловеј, Луис Армстронг и Ела Фицџералд, Барбра Стрејсенд, Френк Синатра, Нина Симон, Ненси Вилсон, Дајна Вашингтон, Реј Чарлс, Лена Хорн, Џули Лондон, Тони Бенет, Сара Вон, Џун Кристи и Чед и Џереми.

Семејство Таа се омажила за продуцентот Лестер Кован, и парот немал деца.

Значајни песни

Baby's Birthday Party (1930) There's A Woman With The Man In The Moon (1931) (текст на Лу Си Бендер) Kay Cotterill, kaysmusic Rain On The Roof (1932) Willow_Weep_for_Me (1932) Who's_Afraid_of_the_Big_Bad_Wolf? (1933)

Наводи

Категорија:Починати во 1993 година Категорија:Родени во 1905 година Категорија:Американски џез-музичари