Роланд (, , , ) — најпознатиот јунак од француските епски преданија од циклусот на Карл Велики, маркгроф на Бретонската марка.
Роланд во хрониките мини|десно|280п|Роланд во Ронсевалскиот Премин. Илустрација на Герда Вегенер за „Песната за Роланд“, 1917 г. За историското постоење на оваа личност сведочи само едно место во „Животот на Карл Велики“ (Vita Caroli Magni) од Ајнхард, во кое се раскажува дека во 778 г., кога Карл се враќал од поход во Шпанија, неговата заштитница (арјергард) во теснецот на Пиринеите била нападната од побунетите Баски, кои ја уништиле во Ронсевалската битка; притоа загинале неколку перови, меѓу кои и Хруодланд, префект на Бретонската марка (Hruodlandus britannici limitis prefectus).
Историјата на Роланд мини|280п|десно|Смртта на Роланд. Минијатура од ракописот „Големи француски хроники“. Средина на XV век. Покрај убиениот лежат неговиот рог Олифант и мечот Дирандал. Во епот, Хруодланд — Роланд не е само пример за христијански витез и најдобар воин на Карл, туку и негов роден внук; размерите на поразот се проширени; Баските се заменети со Сарацени; нивниот напад во Ронсевалската Долина, каде на воините на Карл под водство на Роланд им било тешко да се бранат, се објаснува со предавството на еден од велможите на Карл — Ганелон (кој всушност бил архиепископ за време на владеењето на Карл II Ќелавиот), личен непријател на Роланд. Паѓајќи во нерамноправна борба, Роланд затрубил во својот славен рог; Карл Велики, слушајќи го, се вратил назад и им се одмаздил на Сарацените, а по враќањето во Ахен го погубил предавникот Ганелон.Hruodlandus is the earliest Latinised form of his Frankish name Hruodland. It was later Latinised as Rolandus and has been translated into many languages for literary purposes: Italian: Orlando or Rolando, Dutch: Roeland, Spanish: Roldán or Rolando, Basque: Errolan, Portuguese: Roldão or Rolando, Occitan: Rotland, Catalan: Rotllant or Rotllà.
Кон крајот на XI век, Роланд станал симбол на совршениот воин. Величејќи двајца крстоносци, Раул од Каен ги споредува со Роланд и Оливие. Кога (некаде помеѓу 1090 и 1110 г.) Раул ле Туртие ја раскажува приказната за Ами и Амил, тој споменува меч што му бил подарен на Роланд од страна на Карл. Лежејќи на смртната постела во 1085 г., Роберт Гвискар го споредувал својот син Боемунд со Роланд. Помеѓу 1086 и 1106 г., на Жерар де Монтале му се родиле два сина, наречени Роланд и Оливие. При осветувањето на црквата Сен-Пе-де-Женере во 1096 г., биле присутни две лица со истите имиња.
За време на Битката кај Хастингс се пеела cantilena Rollando. Сите овие поединечни сведоштва укажуваат на тоа дека славата на Роланд пристигнала набрзо по 1000 г., и тоа било поврзано со појавата на некоја поема за Роланд (различна од онаа позната од Оксфордскиот ракопис).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Починати во 778 година Категорија:Французи од 8 век Категорија:Средновековни легенди