Buglossoides tenuiflora — вид на широколисно растение првпат опишано од Карл Линеј, а сегашното име го добил од Иван Мареј Џонстон. Buglossoides tenuiflora е член на родот Buglossoides и семејството Buglossaceae. Во Каталогот на животот не се наведени подвидови.

Опис Ова е едногодишно растение. Стеблото е високо 10–30 цм, неразгрането или разгрането во горниот дел, препокриено со прилегнати, прости, четинести влакна. Листовите се 15–40 мм долги, и 3–8 мм широки, од горната страна препокриени со поретки, прилегнати, куси четинести влакна како и со полустрчести, долги, прости четинести влакна, од долната страна со густи прилегнати влакна. Цветовите се собрани при врвот во густо збиени цимозни соцветија кои по прецветувањето силно се издолжуваат. Оската на соцветието препокриена со жолтеникави или жолтеникаво-црвеникави влакненца. Цветните дршки се многу куси (до 1 мм) цилиндрични, по прецветувањето не задебелуваат или сосема малку се задебелуваат, препокриени со прилегнати, `олтеникаво-црвени

влакненца. Чашката е долга 3–4 мм, при формирањето на плодот пораснува до 10 мм. Венчето е 5–6 мм долго, сино-виолетово (ретко бело) инковидно, од надворешната страна препокриено со прилегнати влакна, венечната трубичка тесно цилиндрична, покуса од чашката, белузлава, од внатрешната страна до отворот со 5 надолжни набори од куси влакненца. Прашниците се прикрепени во долниот дел на венечната трубичка. Оревчињата се долги 2–3 мм, обвивката лесно распукнува.

Живеалиште и распространетост Расте по суви каменливи места, камењари и на обработливи површини.

Во Македонија се посочува за планината Галичица.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 90-91, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј