Нигрита или Нигрид () — гратче во Нигритско, Егејска Македонија, денес седиште на општината Визалтија на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.892 жители (2021).
Географија Гратчето е сместено во Серското Поле, 22 км јужно од градот Сер, во северното подножје на Богданска Планина.
Историја Во Отоманското Царство На Богданска Планина над Нигрита е сместена доцноантичката тврдина Кастри.
Црквата „Св. Ѓорѓи“, едната од двете главни цркви, е изградена во XVI век.
Гратчето настрадало од теророт на османлиските власти по обидот за востание на Леонидас Вулгарис во 1866 г.Vakalopoulos, Kostandinos A. Modern History of Macedonia (1830-1912), Thessaloniki, 1988, p. 54. Во текот на XIX век Нигрита била етнички мешано место со македонско и грчко, во кое, со време, грчкиот удел сè повеќе го истиснувал македонскиот.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нигрита (Nigrita) имала 305 домаќинства со 350 жители Македонци и 650 Грци,Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 122-123. што значи дека Македонците веќе биле сведени на една третина од населението.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Нигрита:
Веќе на почетокот на XX век грчкиот елемент сосема го истиснал македонскиот. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Нигрита имала 2.500 жители Грци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 179. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во гратчето живееле 1.900 Грци и работеле две грчки училишта.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
Во 1906 г. врз темелите на постар храм е подигната втората енориска црква „Св. Атанас“.
На 24 февруари 1907 г. во месноста Таш Олук кај Нигрита се одиграла битка помеѓу 40-члена македонска чета на МРО и една грчка чета, во која македонската страна изгубила 9 борци, а грчката — 4.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 г. гратчето било окупирано од бугарска војска и отворена е бугарска болница.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.50 Во февруари 1913 г. во околината се воделе борби помеѓу бугарската и грчката војска, а во Втората балканска војна во јуни 1913 г. Нигрита е конечно окупирана од грчка војска и истата година е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 4.014 жители. Во 1920 г. во гратчето се попишани 4.211 жители, и понатаму населението продолжило да расте, особено поради доведувањето на 1.026 грчки доселеници, но и поради доселувањата од околните села. Нигрита станала управен центар на околијата и во 1928 г. достигната 7.199 жители.
Во 1940 г. Нигрита достигнала 8.462 жители и три години подоцна е официјално прогласена за град. Поради бугарската окупација на источна Егејска Македонија за време на Втората светска војна, во Нигрита биле сместени грчки бегалци од таа страна на окупациската граница. Истото се случило и време на Грчката граѓанска војна, па затоа градот нагло добил многу поголемо население. Сепак, веднаш по војните бегалското население го напуштило градот, па во 1951 г. се попишани 7.926 жители. Во 1961 г. Нигрита бележи значаен раст со 9.979 жители, но нивниот број подоцна почнал да опаѓа. Така, во 1971 г. гратчето имало 7.301 жител, намалувајќи се на 6.531 во 1981 и 6.186 жители во 1991 г. Во следниот период бројот на жителите бележи понатамошен пад, со 5.566 во 2001 и 4.947 во 2011 г.
Население
Знаменитости Цркви Св. Ѓорѓи од XVIII век, прогласен за споменик на културата Св. Атанасиј од 1906 г.
Археолоошки наоѓалишта Кастри — доцнатничка тврдина кај градот
Стопанство Нигрита е управен и стопански центар, но нема значајни производни капацитети. Покрај трговијата, застапено е земјоделството. Околу гратчето има плодно земјиште, кое дава високи приноси на индустриски и земјоделски култури.
Поврзано Српа — поранешно село, денес дел од Нигрита Серско Поле
Литература Δαμάνης, Δημήτριος Γ., "Νιγρίτα-Σύρπα", Μακεδονικό Ημερολόγιο, Αθήνα 1911. Πασχαλούδης Ν.Λ., Τα Τερπνιώτικα και τα Νιγριτινά. Ένα γλωσσικό ιδίωμα της Βισαλτίας Σερρών. Περιλαμβάνει στοιχεία γραμματικής, λεξικό, αντιλεξικό και δείγματα γλώσσας από τραγούδια, παροιμίες, αινίγματα, τοπωνύμια, κύρια ονόματα, Αθήνα 2000.
Наводи
Надворешни врски
Страница на Нигрита на порталот на Општина Визалтија
Категорија:Градови во Егејска Македонија Категорија:Визалтија